FaceBook  Twitter  

Станот од 95 милиони долари се наоѓа на престижната њујоршка адреса 432 Park Avenue и од него се гледа целото Големо јаболко.

Ексклузивниот стан се наоѓа во една од најновите, но и највисоките станбени згради не само во Њујорк, туку и на целата западна полутопка. Пентхаусот од кој се пружа извонреден поглед на Менхетен, океанот и Централ парк вреди астрономски 95 милиони долари и веќе има сопственик.

Зградата е висока 425 метри со што е повисока од Empire State Building и од One World Trade Center. Има 104 станови, а секој од нив е преку 2700 квадратни метри. Цените се движат од 16,95 до 82,5 милиони долари.

Облакодерот на престижната адреса е проектиран од страна на архитектот Рафаел Виноли, а неговата изградба траеше само три години. Во него има приватен ресторан за станарите со тераса, спа центар и базен долг 23 метри, вински подрум и конференциска сала.

Првите станари во зрадата ќе се вселат на почетокот на следната година, а продажбата на становите и покрај превисоката цена, оди добро.

Па, дали би живееле во ваква „гајба“?

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Само 6 км од Маврово ски-центарот овој хотел е сместен во националниот парк, со поглед на Мавровско Езеро. ...
"TЦЦ Плаза" е повеќенаменска зграда на четири ката, лоцирана во центарот на Скопје. ...
Ексклузивниот бутик хотел и спа центар Вила Александар е сместен на мирна локација во предградието на Охрид. ...
Хотелот Премиер се наоѓа во центарот на Вевчани.
Нашиот елегантно опремен ресторан се наоѓа во подножјето на Националниот парк Пелистер, на излезот од Битола. ...