matte

Ве покануваме да станете дел од тимот на најчитаниот моден и шопинг портал во Македонија.

Постојано ги следите модните трендови? Ве интересираат шминки и фризури? Пишувате интересни текстови на овие теми? Сега можете да станете дел од редакцијата на Штипка, најчитаниот моден магазин во Македонија.

Магазинот Штипка бара новинари за рубриките убавина и здравје, фитнес, џет-сет, мода и занимливости. Работните задачи вклучуваат пишување и објавување на текстови на порталот и на социјалните мрежи, посета и известување од настани, тестирање и пишување рецензии за одредени козметички производи, како и постојано следење на трендовите и најновите настани во претходно наведените области.

 ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС 

- Завршено високо образование во соодветна област (новинарство, филолошки факултет и сл.)
- Познавање на англиски јазик
- Најмалку 1 години искуство со иста или слична работа
- Познавање на CMS системот (објавување на слики и веб содржини)
- Познавање на работа со социјални мрежи (Фејсбук и Инстаграм) се смета за предност
- Познавање на Office програмите и Фотошоп (основно познавање)
- Способност и за тимска работа и за индивидуална работа (од дома)
- Амбициозност
- Комуникативност
- Креативност

Што нудиме ние?

- Интересна и динамична работна средина
- Можности за професионален развој и подобрување на вашите знаења и вештини
- Флексибилно работно време
- Атрактивни награди

Можат да се пријават и кандидати кои се уште не го завршиле високото образование, но имаат соодветно искуство за работното место.

Вашата биографија со слика и мотивациско писмо испратете ги на емаил адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  најдоцна до 31 12 2016. Ве молиме наведете за која рубрика се пријавувате (може и за повеќе рубрики).

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Огласот трае до 31.12.2016

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com