FaceBook  Twitter  

Време е за подароци!

Александра Трпевска

Инстаграм, виртуелен свет во кој во секое време можете да пронајдете милион преубави фотографии за се што ве интересира. Доволно е само да го најдете вистинскиот хаштаг кој најблиску го опишува она што го барате и пред вас ќе имате прекрасни пејсажи и композиции од најкреативните луѓе од целиот свет. Но Инстаграм денес претставува и вистинска ризница за сите девојки кои се во потрага по нови и интересни модни инспирации, како и супер место на кое можете во секое време да го проверите вашиот стил. Доволно е само да направите една фотографија, да искористите два-три ефекта и да кликнете на копчето преку кое ќе ја објавите истата во виртуелниот свет, и веднаш ќе забележите колку и дали тоа им се допаѓа на другите, кои во тој момент можат да бидат на било која друга страна од светот. Да, ова навистина е совршен начин да го проверите вашиот стил, но и вашата самодоверба. Во прилог на тоа е и поприлично популарната акција на брендот C-THRU која во моментот се „одвива“ на Инстаграм, а која за цел има да им пружи поддршка и поттик на девојките и жените да се осмелат и преку својата модна комбинација да го покажат својот стил на облекување. Без разлика дали ќе носите тесни скинати фармерки во комбинација со стејтмент високи потпетици и маица од тантела која потсетува на ноќница а која ќе ја носите преку едноставна бела блуза или пак, фустан или капут зачинет со цветни дезени со кои ќе се спротивставите на есенското сивило.

Дани Ѓуровска 

Да, C-THRU бара од вас да ја изберете комбинацијата која најдобро го опишува вашиот стил, но и вашиот поглед кон модата, креативноста, животот... Фотографирајте се со неа и објавете ја на вашиот Инстаграм профил (или Фејсбук) со хаштаговите #CTHRUMAKEASTATEMENT и #CTHRUMAKEDONIJA. На овој начин ќе им пружите поддршка и на другите дами да се осмелат да го направат овој чекор и да ја преминат својата модна несигурноста, а како награда за вашиот труд тука се и супер подароците – вредносен ваучер од 8000 денари кој можете да го искористите во Зара (и тоа да изберете целосен стајлинг со помош на девојките од овие фотографии), како и три пакети од линијата C-THRU Tender Love.

Среќните добитнички ќе бидат избрани на 30 ноември. Па, бидете креативни, уникатини, фотнете се и освојте еден од овие подароци.

 

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот се наоѓа во Лагадин, на самиот брег на Охридското езеро во подножјето на планината Галичица. ...
Хотелот е лоциран во средината на рекреативниот центар Маврово, само неколку стотини метри од ски лифтовите и езерото. ...
Пица ресторан во центарот на Битола.
Ресторанот Маракана се наоѓа во средиштето на Градскиот парк во Скопје. ...
Александар Палас, водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк. ...