FaceBook  Twitter  

 Нова сезона, нови времиња, нови доживувања

Дани Ѓуровска

Во модата важи едно непишано правило, а тоа е дека без разлика дали фурате класичен или минималистички стил, и без разлика дали носите парчиња со солени или „нормални“ цени, важно е да се издвоите од другите и да бидете оригинални. Токму во оваа насока оди и новата кампања MAKE A STATEMENT на познатиот бренд C-THRU, со која ве повикуваат да ја искажете вашата уникатност. Тоа ќе го направите така што ќе објавите фотографија на Инстаграм (или Фејсбук) со модна комбинација која најдобро го опишува вашиот стил. Тоа може да биде кежуал комбинација која сте ја фотнале додека се шетате низ град со пријателките или вашето последно вечерно издание направено додека стоите пред огледалото, и кое ќе го споделите на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #cthrumakeastatement и #cthrumakedonija. (Не заборавајте дека вашиот профил треба да биде „PULBIC“ како би можеле да ги видиме фотографиите или истите да ни ги испратите во инбокс преку Инстаграм или Фејсбук со споменатите хаштагови).

Александра Трпевска 

На овој начин ќе им пружите поддршка и на другите дами конечно да се осмелат и да испливаат од својата модна несигурност, а како награда за вашиот труд тука се и следниве супер подароци – вредносен ваучер од 8000 денари кој можете да го искористите за шопинг во Зара (друштво во овој шопинг ќе ви прават познатата блогерка Александра која стои зад модниот блог „Majestic by Alex“ и дизајнерката Дани Ѓуровска и тоа како шопинг асистенти!), како и три пакетчиња од новата супер линија на брендот C-THRU Tender Love.

Среќните добитнички ќе бидат избрани на 30 ноември. Па, бидете креативни, уникатини, фотнете се и освојте еден од овие подароци.

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим. ...
Овде, во хотел Континентал ќе ви помогнеме да создадете свадбата на вашите соништа! ...
Ова е мал пријатен хотел сместен во строгиот центар на градот, оддалечен 30 метри од Широк сокак. ...
Хотелот е лоциран во средината на рекреативниот центар Маврово, само неколку стотини метри од ски лифтовите и езерото. ...
Хотел "Сити Парк", отворен во октомври 2010, е нов, модерен и луксузен хотел со 4 *. ...