Штипка ви ги претставува новиот градски водич...

Кликни тука и телепортирај се во WHERE >>

На 8 септември Штипка ги збогати своите содржини со градскиот водич WHERE во кој се вклучени најатрактивните места од сите градови ширум Македонија. Штипка со овој чекор покажа дека не е само магазин за скапи модни додатоци, високи потпетици и совети како да ослабнете, туку претставува место на кое можете да ги пронајдете сите корисни информации од облста на шопингот, туризмот, ноќниот живот и добриот животен стил, како и совршен начин да ги избегнете медикаментите против депресија во ова лудо време.

На 8 септември, пред точно 6 години ја започнавме нашата мисија, и на истиот ден оваа година го пуштивме во функција новиот градски водич кој ќе ви стане неразделен пријател и помошник во организацијата и планирањето на вашите патувања или секојдневни активности. Без разлика дали планирате патување или излегување со вашите пријатели или семејството и потребни ви се информации од типот каде да јадете, каде да преспиете, во која продавница да ги најдете работите што ви требаат, се што треба да направите е да го отворите адресарот и ќе ги пронајдете сите информации што ве интересираат. И тоа не е се, наскоро на ова место ќе ги најдете и најдобрите понуди и попусти од најдобрите продавниците од сите наши градови - Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Тетово, Гевгелија, Штип...

Кликни тука и види ги најдобрите хотели во Македонија >>

Покрај корисните совети за шопинг, храна и пијалоци, забава или одмор кои и досега редовно ги објавувавме на нашиот портал, отсега ќе можете преку нашата интерактивна мапа и многу полесно да ги пронајдете сите места кои ве интересираат, како и да ги добиете сите потребни информации за вашето патување да биде совршено испланирано.

Место за најдобрите продавници во Македонија >>

Па, доколку ве интересираат информации за одредено место, или едноставно имате претпријатие или субјект (продавница, хотел, ресторан, салон за убавина и сл) кој сакате да бидете дел од оваа урбана приказна, се што треба да направите е да го отворите следниот линк (http://stipka.com.mk/city-guide/naslovna) и таму да ги побарате сите информации кои ве интересираат. Но пред да го направите тоа, треба да знаете дека регистрацијата е потполно БЕСПЛАТНА и дека ако сте сопственик на ресторан, хотел или продавница (или правно лице од било која друга дејност), можете потполно БЕСПЛАТНО да го додадете вашиот субјект во нашиот адресар. За повеќе информации, кликнете тука.

И секако, не заборавајте да уживате и да го сакате животот, без разлика дали возите „бентли“ или „корса“, и без разлика дали носите Луј Витон или „винтиџ“ фустан кој го најдовте во плакарите на мајка ви. Едноставно, ексцентричноста и експериментирањето со стиловите не е наменета само за најбогатите, туку за сите кои знаат да уживаат во животот, а стилот на живеење е нешто кое само заеднички можеме да го доведеме до максимум.

Па, бидете оригинални, продолжете да не следите и за секоја потребна информација консултирајте се со градскиот водич WHERE.

Срдечно Ваши, тимот на Штипка

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?