matte

Настан кој НЕ смеете да го прошуштите ако сте љубители на џез музиката!

jazz

Понекогаш ќе забележиш дека месечевите мени се менуваат, понекогаш ќе забележиш дека и твојата положба се менува, понекогаш ја забележуваш заглвеноста во сопствената досада бидејќи забележувањето како временски интервал често е одземен од секојдневната фиктивна одминувачка брзина. Digital.Millennium.Artists забележува нов авторски материјал од областа на џез музиката што е во фаза на подготовка и ќе ја имаме привилегијата да ја слушнеме пред нејзиното официјално издавање. 

jazz

На 11-от Twelve Moons Of Jazz ни гостува саксoфонистот Ivan Ivanov, припадник на младата генерација на џез артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата. Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од Skopje Jazz Festival Records. Во новиот проект станува збор за fusion jazz односно комбинација на динамична џез хармонија со импровизирани funk и други елементи од различни музчки правци.

Иван Иванов ќе биде придружуван од Стефан Миладинов, Гордан Спасовски, Blagoja Antovski и Трајко Симоновски. 

По полноќ квалитетно раздвижување со џез сет на DJ Бојан Чакра.

Го забележуваме претпоследното издание на Twelve Moons Of Jazz во најавата на блискиот крај и разделба. 

Влез: 150 денари 

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:
http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

Медиумски покровител: Jazz FM радио (100.8 FM)


#TwelveMoonsOfJazz | 27.04.2017 | 21:30 | Станица 26 

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com