matte

На 22 април со локација во ресторанот „Барбакан“ во Скопје, сараевскиот футуристички бенд dRUMELODY за прв пат во Скопје ќе одржи промоција на новиот албум „АЕРО“, во издание на „Dancing bear“/„Warner music“ Хрватска.

Албумот го сочинуваат 9 песни, а обвивката е креирана според главната хероина од стрип изданието на Берин Тузлиќ ака dRUMELODY насловен „Devil in side", според кој е изработен и првиот видео анима сингл за пената "Bad sunshine".

Топ 3 места каде ќе ве послужат со најдоброто кафе во Скопје >>

dRUMELODY е оne man band во која главен збор има тапанарот, перкусионистот, стрип цртачот и аниматорот Берин Тузлиќ, чиј краток анимитан филм „Реквием за Пинокио“ минатата година се најде во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал. Главна карактеристика на овој музички концепт е во тоа што тапанот како инструмент го има главниот збор. Токму затоа dRUMELODY привлекува се повеќе внимание со необичните настапи во живо не само на Балканот, туку и во другите европски градови како Берлин, Амстердам, Талин, Дубаи...

Албумот е објавен на винилно издание и во мп3 формат и е достапен на музичките платформи Deezeru и GooglePlay. Берин Тузлиќ е автор и на анимираните видео спотови кои го следат албумот, и кои ќе бидат изведени и на неговиот настап по промоцијата.

Добредојдени сте на промоцијата, каде авторот ќе подари винилни изданија на албумот, како и стрип табли од стрипот „Devil in side"

Кликни тука и види каде се наоѓа и како изгледа Барбакан >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com