FaceBook  Twitter  

Ако сакате деновиве да погледнете добри фотографии, тогаш задолжително погледнете ја изложбата „Небото над Скопје“.

Во склоп на Белата ноќ во Домот на Културата „Кочо Рацин“ (Дом на Градежници) ќе бидат изложени фотографиите на нашата фотографка Ерина Богоева. „Небото над Скопје“ е поздрав кон животот поминат во родниот град на самиот автор. Претставува благодарност за сите настани доживеани токму под тоа небо. Преку урбаните пејзажи се отсликуваат различните состојби на тоа небо, а преку него и на нашиот живот: некогаш романтично, некогаш живописно и сликовито, а некогаш сиво но, секогаш свое и познато. Изгрејсонца, зајдисонца и се' помеѓу она што го претставува животот во оваа наша мала метропола. Понекогаш е потребно само да погледнеме нагоре во точниот момент, а небото над Скопје секогаш ќе е таму.

Ерина Богоева е родена на 02.07.1988 во Скопје.  Таа е дипломиран филолог на катедрата по Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р.Македонија и магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија при Нотингам Универзитетот, Велика Британија. Таа освен како фотограф работи и како театарски продуцент.

Прочитај го и нашето интервју со Ерина тука.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Бутик Хотел Роза Дипломатик е скапоценост од аспект на место за престојување:... ...
Ореов Лад е национален ресторан со 140 годишна семејна традиција, не­зао­би­колно добредојде на дестинацијата кон Матка ...
Нашата мисија е креирање на совршен ден за оние најпребирливите.
Понудата на хотелот вклучува соби со клима, ТВ, безжичен интернет, 24 часовна рецепција велнес центар и ресторан. ...
BEST WESTERN Hotel Bellevue е лоциран близу скопскиот аеродром, но не деалеку и од центарот на градот. ...