FaceBook  Twitter  

Вистината е релативен поим, посебно кога станува збор за филмовите. Во големата фабрика за соништа приказните кои навистина се случиле се шминкаат и дотеруваат според маркетиншкиот ефект, а честопати и според социјалните прилики.

Затоа ние направивме една листа на познати фиолмови кои сите ги имате гледано и кои зборуваат за големи настани, херои и негативци од поблиско и подалечно минато и споредба со она што навистина се случило. Во оваа наша мала анализа во 2 дела, со зборови и слики ќе ви појасниме се за она што сакаме да го кажеме. Па, да почнеме по ред.....

  Apocalypto

alt

Што ни кажаа во филмот: Големата цивилизација на Маите доаѓа до својот крај, а со масовно сечење на глави и jungle критика на автократијата, тука е и еден дечко кој трчи низ шумата и го евоцира духот на Предатор или Рамбо.

Како било во стварноста: Gibson-овиот трактат, спакуван во акциски филм веднаш беше исплукан поради фокусот на бруталноста и дивјаштвото на цивилизацијата која нудела многу повеќе од стандардната Hollywood-ска експлоатација на насилството. Некои антрополози и археолози се жалат тврдејќи дека жртвувањата биле почести кај Астеките отколку кај Маите. На богот Kukulkan (паралела на Маите на Астечкиот Quetzalcoatla) не му се принесувале жртви. А тогаш кога жртвувањето и се случувало, најчесто се колеле кралеви и други повластени (иако и по некој затвореник и заробеник знаел да заврши со искорнато срце), а доказ за масовни гробници до денес нема. Но Gibson тврди дека ако нешто е неточно, тоа е така затоа што тој ги ублажувал крвавите детал.

Beautiful Mind

alt

Што ни кажаа во филмот: Russell Crow е единствениот математички гениј на светот кој има поголема килажа во мускулите отколку во торбите со книги, ама – ајде де -  му поверувавме во улогата на шизофреничниот нобеловец John Forbes Nash, кој математиката ја растура и на лекови, а болеста ја победува со љубов.

Како било во стварноста: Вистинскиот Nash најважните дела од научна работа ги напишал како 20-годишник, а од параноидна шизофренија заболел дури на 30 - кога умот веќе и не му бил толку ’прекрасен‘. Не дека бил таков и претходно: Nash целиот свој живот бил тежок шупак и патолошки нарцисоиден тип. Жената на која и направил дете цело време го трпела неговото изживување поради инфериорниот интелект, а детето не го издржувал и всушност се откажал од него. А дали ви кажавме дека бил бисексуалец, имал озбилни врски со тројца мажи, дека – исто како и George Michael – бил уапсен поради мастурбирање пред полиција, а бил и тежок антисемитист кој фантазирал дека ќе стане крал на Антартикот!

 Last King Of Scotland

alt

Што ни кажаа во филмот: Idi Amin бил лудиот диктатор од Уганда кому лудите идеи му доаѓале на сон, а резултираат со смрт на пола милион луѓе. Во сето тоа му помага морално дуалниот млад шкотски доктор кој ќе се спријатели со владетелот откако ќе му ја превие раката.

Како било во стварноста: Дека Amin бил лудак одговорен за масовни убиства е факат, но шкотскиот доктор кој станува негов најблизок соработник е сосема измислен лик. Вистинскиот Amin-ов доктор бил црнец, а единствениот белец кој му бил близок и бил вработен во владата бил Bob Astles, бивши британски војник кој по падот на режимот завршил шестипол години во затвор, со дебела листа на оптужби, од убиства до кражби и корупција. Во филмот дури ни познатата операција Entebbe, за ослободување на киднапираните израелци не е вистинита! На сето тоа, синот на Amin (десетто дете од дури четириесет колку што ги испринтал) толку е погоден од овој негативен приказ на неговиот татко, што решил да напише книга која ќе му ја побие репутацијата на безмилосен ексцентрик. 

 Titanic

alt

Што ни кажаа во филмот: Сиромашниот Jack Dawson и богатата Rose DeWitt Bukater им пркосат на конвенционалностите и се заљубуваат. Но само што Jack ќе ја пробуши Rose, сантата мраз ќе му го направи истото на бродот.

Како било во стварноста: Ок, овие двајцата не се историски ликови и овде се само затоа филмот да не се состои од триполчасовно потонување (и два се сосема доволни). Но Cameron си дал уште малку слобода во лутањето – стручњаците велат дека така граден брод е невозможно да свртел влево и се тресне во сантата со десната страна, а богами не се сигурни ни какви точно наредби во тој момент дал заповедникот Murdoch, т.е. сигурно не дал наредба бродот да сврти налево (ако и е, тогаш сигурно следело свртување на десно, што ги сјебало). Екипажот очекувал средба со санти, но не можеле да ја видат затоа што надвор не се гледал ни прст пред око. Исто така, нема докази за самоубиството на Murdoch, а тој е претставен како таков негативец, што претставниците на неговиот роден град од Cameron барале извинување!  

 Catch Me If You Can

alt

Што ни кажаа во филмот: Di Caprio како младиот Frank, успеал да здипли 2,5 милиони долари од чекови без покритие и исто така пет години со успех лажно се претставувал како пилот, доктор, адвокат и универзитетски професор.

Како било во стварноста: Младиот Frank со 16 години побегнал од дома само за да им напакости на родителите, да се стекне со независност и наполни со долари, а не затоа што бил погоден од нивниот развод. Во пилотска униформа се облекол само со една цел – да може да ги легне долгоногите стјуардеси, а иако во филмот имаме впечаток дека некои ’улоги‘ ги играл со години, најчесто се работело за неколку дена – колку му требало да ги заврти парите од неважечките чекови. А ликот на Том Hanks никогаш и не постоел во стварноста. 

Продолжува >>

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Почуствувајте го единствениот амбиент за Вашите свадби, коктел забави, годишни и романтични вечери... ...
Единствен клуб ресторан во Скопје.
Ресторанот Нецко2 од Штип е место каде може да уживате вие и вашите пријатели ...
Храната ја приготвуваме пред Вашите очи додека Вие уживате во големиот избор на квалитетни домашни и странски вина . ...
Рeсторан "Пивница" е лоциран во строгиот центар на градот и постои од 1963 година, додека во 1997 година е возобновен. ...