Хороскоп од 25.12 – 31.12.2017 година!

 1 nedelen

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

Во врска со работата, конечно ќе можете да ги согледате сите работи во целина. Ќе успеете да го „исчистите“ својот поглед кон обврските и да го дефинирате понатамошниот план. Ќе имате многу контакти со непознати, а многу работи ќе зависат лично од вас. Ќе се чувствувате оптеретени, но на крајот ќе бидете задоволни.

Љубов

Во текот на оваа недела ќе ви се подобрат емотивните односи, а вие ќе станете поблиски и подискретни со вашиот партнер. Саканата личност повторно ќе ви подарува нежности, а вие ќе ѝ возвраќате со иста мера. Оние кои се слободни ќе имаат повеќе додворувачи, но сите работи ќе се одвиваат бавно.

Здравје

Водете повеќе сметка за исхраната.

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Ќе правите мали чекори, но тие ќе ви донесат успех. Ќе уживате во откривањето нови работи, па со задоволство ќе раскажувате за тоа. Нема сите да ве сфатат, затоа внимавајте на кој што му зборувате.

Љубов

Од ден во ден вашите односи ќе доаѓаат до мало оддалечување. Нема да ви биде многу важно да разменувате нежности, а ова ќе биде резултат на вашето прикривање на емоциите.

Здравје

Бидете повеќе физички активни.

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

Обврските кои ќе ги имате овој период ќе ви постават нови предизвици, но и подобрување на соработката помеѓу вас и вашите колеги. Сите работи ќе бидат поставени на една нова и за вас непозната основа, па вие самите ќе мора да се снаоѓате. Ќе ви биде потребно одредено време за да се прилагодите. Важно е да не брзате.

Љубов

Вашиот приватен живот нема да биде многу интересен, но барем нема да имате проблеми. Овие денови може да се опишат како една рамна зона каде што нема да се случува ништо посебно. Можеби ќе ви биде малку досадно, но издржите. Не трудете се да направите нешто интересно по секоја цена.

Здравје

Излегувајте повеќе на воздух и повеќе релаксирајте се.

Премини на следната страна >>

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?