Секоја година е ново возбудување и нова шанса за изградување на нашата личност.

godisen2016kocka

Секоја година е ново возбудување и нова шанса за изградување на нашата личност. Подемите и падовите се дел од животот, а она што останува на нас е да ги учиме лекциите и од нив да црпиме сила за понатамошно чекорење кон успехот. Погледнете што предвидуваат ѕвездите за секој хороскопски знак за 2018-та година.

 

ОВЕН (21 МАРТ – 20 АПРИЛ)

Оваа година ќе забележите поголем професионален напредок и вашите финансии ќе се зголемат повеќекратно. Меѓутоа, малку нестабилен може да биде мирот во вашата куќа, па затоа добро размислете како да направите рамнотежа помеѓу овие две работи. Во периодот од март до јули, можни се неочекувани трошоци, но затоа веќе од април до септември ќе имате голема позитивна промена во кариерата.

ЉУБОВ

Оваа година ќе имате јасен и чист пат кога станува збор за љубовта. Подобро ќе го разбирате вашиот партнер или сопружник. Некои ќе стават крај на несреќните односи, а други пак ќе уживаат во слатките почетоци. Ако сте во врска, ќе се зголеми вашата страст кон партнерот и ќе можете да го држите под контрола. Но, внимавајте да не давате ветувања кои не се сигурни.

КАРИЕРА

Кариерата оваа година ќе биде на задоволително ниво за повеќето Овни. Секако дека ќе имате и препреки, но годината којашто доаѓа ќе ви донесе и храброст за истите да ги прескокнете. Неизоставен дел од сето ова се и новите патишта кои ќе ви помогнат да ги подобрите своите вештини и својата креативност. До крајот на годината очекувајте напредување и покачување на платата.

ПАРИ

Оваа година Овните ќе бидат на пат кон финансиски успех. Секако дека на патот претстојат и губења и долгови, меѓутоа, Овните лесно ќе можат да се справат со нив. Нивото на оптимизмот ќе биде доста висок и затоа лесно ќе можете да се извлечете од повеќето ситуации. На крајот на годината, долговите и негативните случувања ќе тргнат кон подобро.

ЗДРАВЈЕ

Општото здравје и благосостојба на Овните ќе биде одлично во текот на целата година. Иако ќе бидете кревки и склони кон здравствени проблеми, нема да се соочите со некои посериозни здравствени компликации. Можете да го зголемите нивото на енергија така што ќе бидете повеќе авантуристички настроени, а треба и повеќе да патувате во природа. Не претерувајте со исхраната и не изложувајте се премногу на стрес.

ЗАКЛУЧОК

Одлична година која ви ветува напредок во кариерата и одлични финансиски резултати.

БИК (21 АПРИЛ - 20 МАЈ)

Во наредната година ќе почувствувате вистински мир и слобода. Климата за вас ќе биде погодна за да се одморите и да се опуштите. Оваа година вашата чувствителност ќе ви биде јака страна и нема да дозволтие тоа да влијае на вашите одлуки. Во периодот од март до јули, избегувајте преселување или прекинување со работата, затоа што така можете да влезете во неволји.

ЉУБОВ

Оваа година ќе уживате во хармонијата со вашиот партнер. За некои од вас љубовта ќе биде главен приоритет во животот, додека пак за некои ќе биде целосно губење на време и енергија. Вашата чувствителност или ќе ја одржува вашата врска или ќе ги оттргне личностите од вас. Ослободете се од минатото и гледајте на иднината. Многумина претставници на овој знак оваа година ќе почувствуваат потреба за целосно задоволување на својот партнер, повеќе од кога било. Продолжете и уживајте. Планетите на љубовта се во ваша корист, а оваа година во вашите односи главно место ќе зазема хармонијата.

КАРИЕРА

Оваа година ќе бидете под големо влијание на надворешните услови. Бидете стабилни со своите амбиции и цели и вашата тврдоглавост ќе успее да ве извлече од сите ситуации. Преку целата година ќе бидете зафатени, но ви се советува да се воздржувате од каква било тимска работа или здружени договори. Дури следната година ќе имате вистински плодови, доколку доволно напор вложите оваа година.

ПАРИ

Оваа година ќе трошите премногу, како никогаш претходно. Ќе имате постојан прилив на средства, меѓутоа и одливот ќе биде доста активен, па нема да успеете многу да заштедите. Некои неизбежни трошоци ќе ги прекинат вашите планови. Но, бидете сигурни дека нема да бидете многу подложни на надворешните влијанија.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе имате прилично големо ниво на енергија. Ова е добро време да започнете да се занимавате со некој спорт и да се откажете од нездравите навики кои сте ги стекнале со текот на годините. Во второто тромесечје од годината можете да се соочите со пад на енергијата, но дозволете си доволно време за одмор, па брзо ќе се вратите во форма. Отстранете го стресот од своето секојдневие и не детализирајте ги премногу работите.

ЗАКЛУЧОК

2018-та година ќе биде мирна година исполнета со хармонија.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ - 20 ЈУНИ)

2018-та година ќе биде период каде што енергијата ќе ви биде на високо ниво, во речиси сите области од животот. Ќе се чувствувате целосно обновени, како физички, така и ментално. Нови прилики ќе пристигнат на вашиот пат - фатете ги и продолжете напред. Наградите ве чекаат токму зад аголот. Нема да имате многу проблеми, како на личен, така и на професионален план. За разлика од претходната година, оваа година ќе чувствувате олеснување и стабилност во животот.

ЉУБОВ

Оваа година љубовниот живот ќе ви биде исполнет со енергија и аванатура. Ќе имате повеќе ентузијазам, а ќе биде зголемена и вашата привлечност за спротивниот пол. Вашиот социјален живот ќе се прошири, па не плашете се да се покажете како потенцијален партнер. Оваа година некои претставници на овој знак може да имаат некои мали компликации со партнерот, па затоа ви се советува да не избрзувате со одлуките.

КАРИЕРА

Оваа година е добар период за да ги проширите своите гледишта. Покажете ги своите способности и ќе победите. Не бидете задоволни со своите мали достигнувања, затоа што во вас се крие поголем потенцијал. Но, бидете внимателни во своите чекори и најпрво обидете се да изградите авторитет на работното место. Оваа година ќе имате напредување, иако ќе биде бавно, барем ќе биде сигурно. За повеќето Близнаци оваа година ќе се исплати тимската работа.

ПАРИ

Оваа година финансиската состојба ќе ви биде одлична. Повеќето желби ќе ви бидат исполнети, а за да можете да заштедите, треба да работите напорно и повеќе да вложувате во работата. Направете некои измени, доколку сметате дека тоа е потребно, и одложете ги непосакуваните трошоци. Избегнувајте кредити и долгови за да живеете помирно.

ЗАКЛУЧОК

Мирна година каде што ќе почувствувате стабилност и исполнетост.

Премини  на следната страна >>

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?