Што всушност претставува убавината?

 1 ubavina

Што всушност претставува убавината? Ова прашање било предмет на дискусии на многу филозофи, но многумина се сложуваат со тоа дека има врска со општите правила за естетика, односно младоста, симетријата и слично. Но, она што можеби е најважно е внатрешното зрачење на личноста. Така, според ѕвездите јасно можете да откриете каква е нечија убавина, дали личноста е шармантна и дали значи од внатре. Генерално, секогаш ваква убавина ќе пронајдете во следниве хороскопски знаци.

Овен

Припадниците на овој знак спаѓаат во пролетните знаци кои се истакнуваат по убавите црти на лицето. Нив ги карактеризира широко чело, румени образи, пропорционално тело и потпросечна тежина. Најчесто имаат изразени веѓи и очи кои може да бидат блиску поставени. Најчесто имаат темен тен, а повеќето од нив имаат рамна и густа коса. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење.

Бик

Како и Овните, и припадниците на овој знак имаат впечатливи црти на лицето. Физички гледано, тие имаат симетрично лице. Нивната главна одлика им се големите очи кои делуваат невино, па дури и детски. Усните им се полни, носот кружен, а забите мали и рамни. Имаат густа коса и ниско чело. Вратот им е прилично широк, а имаат и убав и сјаен тен. Нивниот изглед остава впечаток на мекост, но истовремено и на силна личност.

Близнаци

И овој знак е познат по прекрасните црти на лицето, но и по заводничката насмевка. Тие изгледаат млади, а особено изразени им се очите. Тие се со просечна или натпросечна висина, а повеќето од нив се слаби. Имаат изразена брада и високо поставени јаболкници на образите. За нив типични се долгите прсти. Имаат различен стил на облекување, а омилена боја им е жолтата и сребрената.

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?