Женственоста е различна кај секој знак во Зодијакот.

 zhenstvenost

Женственоста е различна кај секој знак во Зодијакот. Па, дами, погледнете што кажува за вас вашиот хороскопски знак.

Овен

Жените родени во овој знак се навикнати да ги земаат сите работи кои им ги нуди животот. Тие сакаат да играат на сигурно и јасно да го информираат партнерот за своите намери. Тие се импулсивни борци.

Бик

По правило, овие жени се вистински божици. Тие најпрво се дами, кои на еден мистериозен начин успеваат да ги постигнат сите работи кои ги сакаат. Тие лесно може да го направат вашиот живот рај, но и пекол.

Близнаци

Жената родена во овој знак е вечен тинејџер кој никогаш нема да порасне. Таа може да има деца, семејство, работа, обврски, но во душата секогаш ќе биде бунтовничка која не може да седи на едно место.

Рак

Жена - мајка. Таа е многу грижлива и се однесува заштитнички. Оние кои ќе засакаат ваква жена се навистина големи среќници.

Лав

Кралица. Женственоста на Лавиците е навистина посеба. Таа поседува многу квалитети покрај кои другите недостатоци изгледаат многу мали. Но, запаметете дека кралицата на сите им ја крои судбината, па може да привлече и многу неудобности.

Девица

Мудра жена на која сите сакаат да ѝ се приближат, но малкуминауспеваат. Таа има аналитичко мислење и одлично паметење. Затоа секогаш е на врвот.

Вага

Дамата Вага во суштина е вистинско девојче: Кревок ангел на кој му треба заштита од злото и од овој бесчувствителен свет. Нежно суштество кое никогаш нема да ве навреди. Овие жени многу читаат и се романтични, замислени и живеат во некој свој свет.

Скорпија

Оваа жена е три во едно: Фатална, вештица и секс бомба. Жената Скорпија успешно ги комбинира сите особини кои им се препишуваат на просечните жени. Таа е многу привлечна и мажите поради неа често ја губат главата.

Стрелец

Жената Стрелец умее да биде женствена секогаш кога ќе „се вклучи“ на тој режим. Но, овие жени не ги користат многу често овие навики. Тие имаат и доволно други таленти, за сите животни случаи.

Јарец

Покрај жените Јарци мажите забораваат на сите работи, па почнуваат да сонуваат. Дамата-Јарец само со својата појава може да направи мажите да почнат да ги исполнуваат сите нејзини желби. Таа е одличен менаџер и организатор и не дозволува вниманието да ѝ го одземаат некои неважни работи.

Водолија

Паметни и убави. Но, женственоста на жените Водолии честопати е променлива, како и другите особини. Но, едно останува константно: Овие жени секогаш го живеат животот со полн здив и никогаш не остануваат на едно место.
Риби

Вистинска актерка. Сега може да ви се насмевнува, но по одредено време, ако ја навредите жената Риба, ќе видите како гледа низ остри заби. Подобро е да не ѝ застанувате на патот, затоа што нема да ви прости. Со еден збор оваа жена може да се нарече вистинска актерка.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?