Хороскоп од 13.11 – 19.11.2017 година!

 nedelen1

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

Потребно ви е повеќе внимание и самоконтрола во однос со надредените и авторитетните личности. Можно е да чувствувате некој притисок, но моментално не е време за соочување и отвореност. Почекајте да дојде вистинскиот момент.

Љубов

Оние Овни кои се во врска или брак, оваа недела ќе забележат зголемено ниво на љубомора и посесивност. Иако саканата личност навистина понекогаш се однесува чудно, сепак не треба да ги поврзувате сите работи со можна нова личност во нејзиниот живот. Слободните Овни во еден миг напаѓаат, а во другиот се повлекуваат... Дефинитивно збунувачки за личноста од спротивниот пол!

Здравје

Постарите припадници на овој знак треба да направат контролни прегледи кај лекар, особено ако порано имале проблеми со бубрезите или црниот дроб.

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Благата несигурност која ќе ја почувствувате во почетокот на неделата брзо ќе ви помине, затоа што ќе сфатите дека вашите постапки од претходниот период резултирале на вистинскиот начин. На некои Бикови им следуваат големи можности да направат промени во деловен сегмент.

Љубов

Добро би било оваа недела да внесете повеќе страст во вашата врска со партнерот, подлабоки емоции, повеќе да се поврзите и да уживате во деновите кои се пред вас. На слободните Бикови им следи ново познанство и средба која нема лесно да ја заборават.

Здравје

Потребно е повеќе внимание да обрнете на самите себе. Одморајте се што е можно повеќе.

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

Почетокот на оваа седмица ќе ви биде малку проблематичен и потежок во однос на некои ситуации и случувања. Можно е да имате зголемен број обврски, па затоа потрудете се да внимавате што е можно повеќе, за да не направите некоја грешка.

Љубов

Личноста која ви е симпатична и привлечна почнува да покажува повеќе заинтересираност за вас и јасно ви е дека е подготвена вашето познанство да прерасне во нешто ново. Што се однесува до зафатените Близнаци, можеби подобро е овој период да препуштите партнерот да ја води вашата врска.

Здравје

Стомачниот дел ви е почувствителен, па чувајте се од стомачен вирус.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?