ban2

 

РАК (21 јуни - 20 јули)

Работа

Прво и најважно: Договорите и преговорите кои претходниот период беа некако во застој, конечно ќе почнат да се реализираат, па ви претстојат нови соработки во ваша корист. Генерално гледано, на многу претставници на овој знак оваа недела им носи деловни патувања, а на крајот ќе бидат сосема задоволни.

Љубов

Дефинитивно Јупитер оваа недела ви носи задоволство во полето на љубовта. Што се однесува поконкретно до зафатените Ракови, тие ќе имаат големо разбирање од својот партнер. Од друга страна пак, слободните Ракови не треба по секоја цена да ја бараат љубовта, затоа што таа е тука, но го чека вистинскиот момент.

Здравје

Кај постарите претставници на овој знак можни се гинеколошки или хормонски проблеми. Што се однесува пак до помладата популација, претставниците на овој знак треба да внимаваат на исхраната. Можен е и стомачен вирус.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули - 21 август)

Работа

Можеби емотивно и не ви е баш најдобро, но затоа на деловен план функционирате баш како што треба. Активни сте, постојано барате нови работи, нови луѓе и нови соработни. Се движите бавно, но сигурно. Токму оваа седмица можете да направите еден силен договор со стабилен партнер или да си обезбедите сигурни услови на моменталното работно место. Ако оваа недела имате нови деловни понуди, прифатете ги затоа што тие се доста поволни за вас и тоа на долг рок.

Љубов

Оваа е добра недела за малку повеќе да се согласувате со саканата личост или брачниот партнер. Оттргнете го инатот, затоа што тоа ви носи само негативна енергија. Обидете се да имате повеќе разбирање и почит, затоа што на тој начин ќе имате и просперитет. Што се однесува до слободните Лавови, кај нив не се случува ништо посебно, но ним тоа овој период не им е ниту важно.

Здравје

Изгледа дека треба да обрнете внимание на исхраната, но покрај тоа, оваа седмица ќе имате голема енергија и ќе бидете особено расположени. На добар пат сте за целосно оздравување.

ДЕВИЦА (22 август - 22 септември)

Работа

 Повремено функционирате супер, а потоа некои ви надоаѓаат некои непредвидени работи. Исто така и вашите колеги се однесуваат како да не знаат што сакаат. Прво ве фалат, а потоа ве осудуваат. Колку и да ви изгледа напорно сето ова, почекајте и останете стабилни.

Љубов

 Доколку сте слободни, дефинитивно не се откажувајте од таа посебна личност за вас. Вие постојано ја анализирате и не вреди толку лесно да ја заборавите. Само полека, затоа што од втората половина на оваа недела веќе вашите напори ќе почнат да дават резултати. Зафатени Девици, вие постојано ќе имате некои подеми и падови, но никако нема да успеете да се стабилизирате и нормализирате. Нема да има некои посебни случувања, туку едноставно ќе ве нервира што нема да имате ниту еден целосно мирен ден. Совет: Ако го решите проблемот во својата глава и се поставите поинаку, односот со партнерот ќе почне да заздравува.

Здравје

 Оваа седмица ви претстојат мали тегоби кои релативно лесно можете да ги решете. Кај постарите Девици доаѓа до постепено заздравување.

Премини на следната страна >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?