Хороскоп од 09.10 – 15.10.2017 година!

nedelen1

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

Некој колега уште одамна „ви се качи преку главата“, па оваа недела можеби нема да се возджите и ќе бидете критички настроени. Целта ви е другите да видат дека и вие сте способни да возвратите, и тоа сосема незгодно. Генерално гледано, оваа недела многу ќе се зборува, а малку ќе се реализира.

Љубов

Ако сте слободни, една личност ќе почне да ве интересира. Но, таман кога ќе почнете да размислувате дека сте ја освоиле, таа ќе се повлече и вие ќе се разочарате. Доколку сте во врска или брак, вие ќе се трудите нешто да промените еден кај друг.

Здравје

Енергетско ниво - нула. Ќе имате чувство дека сте хронично уморни и дека никако не можете да се наспиете.

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Ако во оваа недела нешто не е како што треба, не губете ги вашите нерви. Гледајте на тоа дека препреките постојат за да научите да бидете прохрабри. Овој и не е баш некој сјаен период кога би можеле да се потпрете на другите, па ако нешто ви ветуваат, не го земајте тоа здраво за готово.

Љубов

Повремено имате понуди колку што сакате, но ништо конкретно не се случува. Некои личности ве греат, па потоа повторно ве ладат. Што се однесува до зафатените Бикови, ним им е одлично, но сепак можни се мали конфликти со саканата личност.

Здравје

Ќе имате мали и незначителни здравствени тегоби, а особено ќе се чувствувате исцрпено и без волја.

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

Оваа недела можеби нема во целост да ви го донесе она што го сакате, но секако некои работи ќе тргнат во правец кој го посакувате. Во сштина, ќе се случуваат мали промени, но секако сте на добар пат во наредниот период тие промени да ви донесат и големи резултати. Некои договори ќе ги започнете сега, но конкретно потпишување и нивен почеток ќе има дури наредната недела.

Љубов

Кај зафатените Близнаци оваа недела повремено ќе има некои негативни моменти, но и двете страни ќе успеваат да пронајдат заеднички јазик и да дадат одговор на прашањата кои до сега претставувале препрека. Задолжително искористете го викендот за да се одморите и да заминете некаде да се опуштите. Што се однесува до зафатените Близнаци, тие треба повеќе внимание да обрнат на своето опкружување, затоа што во близина постои некој со кој многу добро ќе се сложуваат.

Здравје

Кај помладите претставници на овој знак можни се мали проблеми со кажата, а кај старите со бубрезите. Обидете се да контролирате некои стари навики, како што се цигарите, алкохолот и слично. Не претстојувајте во затворени простори и практикувајте повеќе да излегувате на свеж воздух.

Премини на следната страна >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?