Девицата е шестиот знак во Зодијакот, има променлива природа и претставува земјен елемент, а се наоѓа под заштита на планетата Меркур.

Во склад со обележјата на природата во овој период од годината, која се собираат плодовите и подготвуваат зимските залихи, луѓето родени во хороскопскиот знак Девица ги краси верност, одговорност, организираност, точност и штедливост. Тие во принцип се ранливи и кревки, па вложуваат многу труд во заштита на себеси и блиските од стресни ситуации. Тие сметаат дека најдобра заштита од неволји е постојано да се биде внимателен, добра подготовка, долгорочно планирање и создавање резерви кои се добри за црните денови.

Перфекционизмот е резултат од последиците на потребите на Девиците да спречат неуспех и загуби. Тие се склони кон бескрајно вршење на своите задачи, особено кога е во прашање образованието, работата и грижата за здравје. Имаат потреба да ги дознаат и анализираат сите факти пред да донесат одлука за нешто. Што се однесува до љубовта пак, Девиците не се вљубуваат лесно и се обидуваат да ги зауздат емоциите бидејќи се плашат тие да не им ја нарушат контролата. Сакаат трезвени партнери во кои можат да имаат доверба. Способна е да влезе во врска од економски интерес и во неа да ја прифати улогата на фатална жена и сјајна љубовничка. Ако таквиот однос и носи материјална сигурност ќе се обидува да го одржува во живот, но нема да биде задоволна со таквиот ангажман.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?