Дознајте дали ве очекува некоја нова љубов или пак некоја промена во кариерата.

nedelen

Дознајте дали ве очекува некоја нова љубов или пак некоја промена во кариерата.

Овен

Работа: Вам ви следи поволен период за деловни патувања, како и за остварување добра заработка.
Љубов: На полето на љубовта ве очекува прилика за флерт со личност која ќе ја запознаете во вашето блиско окружување.
Здравје: Кога е во прашање здравјето, можно е синусите да ви бидат малку чувствителни, но генерално, освен тоа, ќе немате некои големи проблеми и пречки.

Бик

Работа: Во текот на оваа фаза ќе имате повеќе од една парична добивка или пак можност за дополнителна заработка, па и нешто повеќе.
Љубов: Кога е во прашање љубовта, ова е поволен период за сериозна врска, а покрај партнерот ќе се чувствувате сигурно.
Здравје: На полето на здравјето можно е подобрување поврзано со некои хронични проблеми кои до сега ве мачеле. Водете сметка за вратниот предел кој ви е најчувствителен.

Близнаци

Работ: Среќа ве прати каде и да отидете, па остварувате добри резултати иако не се трудите многу.
Љубов: Љубовната ситуација ќе ви биде многу интересна, затоа што доаѓаат случувања со нова личност.
Здравје: Здравјето може да ви биде по малку загрозено, односно ви претстојат проблеми кои се поврзуваат со пределот на главата, очите, низок притисок, па затоа обрнете внимание на тоа.

Рак

Работа: Во оваа фаза нема да работите многу, туку повеќе ќе одморате и ќе уживате.
Љубов: На полето на љубовта ве очекуваат интересни случувања со личност со која нема уште веднаш да имате јавна врска.
Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се мали проблеми поврзани со циркулацијата, но освен тоа не треба да имате какви било потешкотии. Генерално ќе се чувствувате добро.

Лав

Работа: Ова е поволен период ако имате работа која се врзува со некои социјални прашања.
Љубов: Кога е во прашање љубовта, вам ве очекува ново познанство со личност која доаѓа преку вашите пријатели.
Здравје: На полето на здравјето не треба да имате какви било проблеми. Вие имате силна позитивна енергија во себе и се чувствувате добро во своја кожа. Вам ништо не може да ви смета.

Девица

Работа: Ќе добиете прилика да го подобрите односот со своите подредени, и со самото тоа да направите еден чекор напред на полето на работата.
Љубов: Љубовната ситуација ви е стабилна, зашто вие имате партнер кој ве поддржува во сѐ.
Здравје: На полето на здравјето генерално се забележуваат поволни аспекти. Можни се мали проблеми поврзани со вкочанетост и 'рбетот, па пожелно е да посетите лекар.

Вага

Работа: На полето на работата вам ви претстои доста поволен период.
Љубов: На полето на љубовта ве очекуваат интересни случувања, авантури и силни страсти.
Здравје: Кога е во прашање здравјето, вие немате некои поизразени тегоби и потешкотии. Овој период е многу поволен за вас, па не би требало да имате некои посериозни проблеми на кое било животно поле.

Скорпија

Работа: Ви доаѓаат малку подобри финансиски времиња, односно некој прилив на пари кој се врзува со наследство или пак туѓи пари.
Љубов: Кога е во прашање љубовта, вам ве очекува можност за тајна врска или пак ќе ви се додворува некоја зафатена личност.
Здравје: На полето на здравјето не треба да имате некои понови проблеми. Можно е и понатаму да ве мачат стари тегоби поврзани со урогениталниот тракт, па затоа посетете лекар.

Стрелец

Работа: Деловното партнерство кое ќе го склопите во текот на оваа фаза може да биде позитивно за вас.
Љубов: Љубовната ситуација ви е добра, затоа што пред себе имате личност која искрено ја сакате.
Здравје: Полето на здравјето ви е позитивно поставено, немате поголеми пречки, но можни се мали проблеми поврзани со алергија, особено ако сте склони кон нив. За секој случај, бидете внимателни.

Јарец

Работа: Голем дел од работата ќе го извршувате многу полесно отколку што сте очекувале, па ќе ви остане многу слободно време.
Љубов: На полето на љубовта ве очекуваат интересни случувања со Близнаци.
Здравје: Кога е во прашање здравјето, вам ви следи доста поволен период за заздравување, ако сте имале некоја мала интервенција или некој третман.

Водолија

Работа: Може да се надевате на фаза во која ќе немате премногу обврски и поголем дел од своето време ќе го посветите на одмор и уживање.
Љубов: Кога е во прашање љубовта, кај вас брзо доаѓаат одлуки и секојдневно запознавате некоја нова потенцијална љубов.
Здравје: На полето на здравјето се можни мали проблеми со кардиоваскуларниот систем, па затоа водите сметка за вашето здравје, особено ако претходно сте имале проблем на тоа поле.

Риби

Работа: Започнувањето со некоја приватна работа овој период би можело да биде добра идеја за вас.
Љубов: Љубовната ситуација ви е по малку променлива, но до крајот на оваа фаза сепак ќе сфатите што сакате.
Здравје: Полето на здравјето до некаде може да ви биде загрозено, односно ви претстојат проблеми поврзани со стомакот, дигестивниот тракт и варењето. Водете сметка за својата исхрана и не јадете намирници од непознато потекло.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?