Лошите страни на хороскопските знаци често се занемаруваат.

iritirachki

Лошите страни на хороскопските знаци често се занемаруваат. Но, токму тие може да ви покажат многу работи за вашите блиски... Погледнете кои се нивните мани, а вие самите пресудете дали можете да им ги простите.

Овен

- Тешко го контролира својот бес
- Често се однесува незрело
- Лесно се возбудува кога почнува нешто ново, но бргу го губи интересот

Бик

- Мрзливи се, дури и кога станува збор за куќните обврски
- Секојдневно мора да анализирате како се расположени, за да знаете како да се однесувате
- Брзо им здосадува сѐ, па понекогаш може да почувствувате дека сте вишок

 

iritirachki

Близнаци

 

- Шармираат со убави зборови, но ретко го исполнуваат ветеното

- Никогаш ништо не завршуваат до крај

- Никогаш не можете да предвидите како можат да постапат

Рак

- Имаат чести и неосновани промени на расположението
- Знаат да кажат тешки и остри зборови
- Ретко пристапуваат кон нешто ново, па животот со нив може да ви биде предвидлив и монотон

Лав

- Ретко ќе се чувствувате сигурни покрај овие личности, затоа што сакаат да флертуваат
- Ретко признаваат дека не се во право
- Постојано мора да бидат во центарот на вниманието

Девица

- Претеруваат во анализирањето и осудувањето на туѓите постапки
- Секогаш очекуваат другите да бидат иницијатори
- Често се несигурни и од вас очекуваат да им ја дадете бараната сигурност

Вага

- Добро знаат што сакате да слушнете, па често нема да ви ја кажуваат висината
- Не се упорни и истрајни. Често се жалат и тешко е да ги слушате
- Сакаат да си играат и да манипулираат со партнерот

Скорпија

- Љубоморни се, дури и кога само зборувате со некој од спротивниот пол
- Со нив често нема да знаете како да се однесувате
- Имаат многу тајни

Стрелец

- Стрелците сакаат да зборуваат, но не сакаат да слушаат
- Мислат дека знаат сѐ најдобро, па не сакаат да прифатат нови информации
- Знаат да бидат бесчувствителни

Јарец

- Работата секогаш им е пред партнерот
- Сакаат сѐ да биде под нивна контрола
- Ја анализираат и ја паметат секоја ваша грешка

Водолија

- Живеат во фантазија, па често делуваат далеку и недостапно
- Сакаат да „држат предавања“ затоа што секогаш знаат најдобро
- Знаат да ги осудуваат сите оние кои не се како нив

Риби

- Честопати морате по неколку пати да им повторувате една иста работа
- Тешко е да ги поттикнете да започнат и да завршат нешто во одреден рок
- Ги идеализираат своите односи со луѓето и од вас имаат илјадници очекувања

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?