Нежна, грижлива, сензуална, сензибилна, интуитивна, сочувствителна, сентиментална, дружељубива, топла, романтична...

 atraktivni

Нежна, грижлива, сензуална, сензибилна, интуитивна, сочувствителна, сентиментална, дружељубива, топла, романтична... Нејзината мисија на овој свет е да им помага на другите. Жената родена во овој знак е чувствителна на потребите на другите, но не дозволува кој било да ја искористува нејзината добрина и подготвеност да помогне. На прв поглед изгледа мирна, но таа ќе ве плени со нејзината стравственост и чувствителност. Таа е родена во знакот Риби. Таа внимателно набљудува и анализира сѐ што се случува околу неа, но и она што се случува внатре во луѓето, па во сѐ бара длабока смисла. Животот без духовитост за жената родена во знакот Риби е незамислив. Таа најмногу сонува, а по природа е срамежлива и нема ништо против тоа да има доминантен партнер, односно да биде „покорна“ во самата врска. Најголема среќа за неа е да ѝ удоволува на саканата личност. Нејзиниот идеален партнер е оној кој ја иритира, ја штити и кој ја спушта на земјата кога тоа ѝ е потребно. Таа исто така е верна пријателка која секогаш е тука за нејзините блиски, пружејќи им потпора и рамо за плачење. Жената родена во знакот Риба често не е ниту свесна колку е навистина привлечна!

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?