ban2

Убавина, сексапил и магнетна привлечност!

fatarlni

Убавина, сексапил и магнетна привлечност! Дамите родени во овие хороскопски знаци без сомнеж се најголеми заводнички...

Овен

Овните се спортски градени жени, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето кои тешко се забораваат. Често ќе бидете во можност да запознаете совршена убавица која е родена токму во овој хороскопски знак. Нивниот изглед е во склоп со силната и енергична личност, карактеристична за овој знак, а нивната кожа прави секој ваш допир да остане длабоко врежан во вашето срце.

Лав

Силни и често спортски градени, Лавиците пленат без компромиси. Нема да поминете долго време во потрага по Лавица чиј изглед ќе ве остави без зборови. Тие сакаат да се облекуваат модерно и да се средуваат, а често и уживаат во тоа. Лавиците имаат многу таленти, а без лажна скромност, со природна убавина и шарм, тие никогаш не престануваат да ги импресионираат мажите. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу другите, затоа што покрај споменатата убавина, нивниот стил на облекување и животот ретко изгледаат клише.

Скорпија

Дури и кога се слаби, Скорпиите имаат прилично силна градба. Тие имаат добри нозе, широки рамена, впечатливо лице и сензуални усни. Припадниците на овој знак најчесто имаат прекрасна кафеава и густа коса. Скорпиите сакаат да се средуваат, а нивниот вкус никогаш нема да им дозволи да погрешат. Нивната убавина секогаш е над просекот, а покрај мажите, нив ги обожаваат и децата.

fatarlni

Стрелец

Девојките родени во знакот Стрелец се најзгодните во целиот хороскоп. Тие се со просечна висина, спортски градени, а изгледа дека имаат и природен талент за истакнување. Често имаат убаво и по малку долго лице, високо чело и изразени светли очи. Тие сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но нема да погрешат и тогаш кога треба да се појават во полн сјај.

Водолија

Водолиите се обично со средна висина или ниски. Тие имаат прекрасно лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, а и убаво обликувани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави, меки и големи усни. Водолиите често се природно надарени со атрибути и го оставаат спротивниот пол без здив.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?