Прочитајте што ни предвидуваат ѕвездите во периодот што следува.

Експлозивноста која беше до неодамна на Марс во Овен е заменета со Марс во Бик со својата значително посмирена енергија насочена кон долгорочните цели. 

Марс, планетата на акцијата и агресијата, преминува во Бик помеѓу 9 март и 21 април. Тоа е добра вест за Јарците, Девиците, Раковите и Рибите, но и повик да бидат повнимателни Биковите, лавовите, Шкорпиите и Водолиите. На овие знаци им претстои ризик од незгоди, повреди, исцрпеност и судири. За да ја избегнат таквата опасност се препорачува да бидат воздржани, смирени и внимателни.

За разлика од наглоста и експлозивноста која беше карактеристична за присуството на Марс во Овен, новиот циклус носи смирена енергија посветена најмногу на изградба, одбрана и отпор. Во идните пет недели ќе настојувате да ги остварите целите со стрпливо и бавно напредување. Ќе делувате одлучно, силно и непоколебливо, а главни приоритети треба да ви бидат трајноста и долгорочното задоволство.

Најточниот хороскоп за до крајот на 2017 во само три секунди >>

Како практичен земјан знак, Бикот ќе ви го насочи вниманието кон опипливите задачи. Времето е поволно за чистење, поправки, градежни работи и обработување на земјата. Иако ќе имате најдобра намера да завршите голема количина од работите и обврските, нема да ви се брза никаде. Она што не е итно мирно ќе го одложите за утре. Ќе порасне популарноста на спортовите кои се потпираат на сила и издржливост, како дигање тегови, веслање и трчање на долги стази. Оние кои не се спортски типови ќе им биде тешко да им одолеат на задоволствата како што се гастрономијата, гозбите и музиката. Ако по природа сте пасивни најдобро е деновите да ги поминувате пред ТВ со вашите омилени грисини.

Кои се вашите најдобри партнери за секс според хороскопот >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?