Нема ништо поинтересно од тоа да учиме за нашата сексуалност (и за сексуалноста на другите, ако сме заинтересирани, секако).

Вашиот хороскопски (Сончев) знак опишува многу од карактеристиките на вашиот сексуален карактер. Погледнете го вашиот знак и откријте повеќе за себе и за било кој друг сте заинтересирани да видите дали сте компатибилни.

Овен (20 март до 20 април)

Луѓето родени во знакот на овен се дефинитивно авантуристи и импулсивни, и многу од нив ентузијастично уживаат во чинот на сексуално освојување. (Тие замислуваа дека се доминантниот лик во „50 нијанси на сиво“!) Овните го обожаваат ловот и најчесто се тие кои ловат отколку што се ловени. Нив ги мотивира моменталното сексуално задоволување и не сакаат многу драма и играње емотивни игри. Кога ќе се внесат, тие имаат голема енергија за страстен, врел секс. Знакот овен раководи со главата, па затоа тие сакаат да им се масира косата или скалпот за да се внесат во правото расположение.

Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија

Бик (20 април до 20 мај)

Бикот е еден од најсензуалните од сите знаци на зодијакот. Сексот највеќе ги задоволува кога им се стимулирани сетилата (на пр., храна, музика, уметност, убавина, допир). Но, и трошењето пари на нив може да ги возбуди многу, исто така. Затоа што можат да бидат малку мрзливи, тие најчесто чекаат сексот да им дојде, отколку да го бараат. Но, кога се внесени, на нив им е потребен партнер кој може да ја издржи нивната безкрајна страст. И да, тие се практични, па затоа не се грижете, тие ќе имаат кондом при рака. Тие може да бидат посесивни, ако им се допаѓате многу.

Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби

Близнаци (21 мај до 21 јуни)

Близнаците се отворени, енергични и се забавуваат со нивната сексуалност. Тие уживаат во флертувањето и развивање на секси врска со предметот на нивниот копнеж. Тие се екстремно имагинативни и храбро ќе имаат секс на најнеобичните места. („Ајде да се забавуваме малку и да го правиме тоа во креветот на моите родители.“) Затоа што се тие многу вербални, не се срамат да зборуваат валкано.  Може да ги излудите ако им шепкате валкани работи на уво. Тие мразат здодевност додека водат љубов, па затоа очекувајте дека ќе експериментираат и ќе ги измешаат малку работите во спалната соба.

Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец

Рак (22 јуни до 22 јули)

Поради тоа што со раковите раководи Месечината, нивните сексуални страсти се побудуваат откако ќе ги заведете и направите да се чувствуваат емотивно комотни. Тие се многу интуитивни и способни да осетат како да ги задоволат вашите сексуални потреби сé додека тие се чувствуваат безбедно и сигурно. Ако тие се чувствуваат сакани, нивниот пристап кон водењето љубов е креативен и сензуален, како и страстен. Можете да ги внесете во правото расположение со внимателен гест (да им поклоните цвеќиња, на пример), сентиментален подарок или да им зготвите вкусен оброк. Ова последново може и да ги потсети на други задоволувачки орални стимулации.

Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?