matte

Исхраната која одговара на Овенот со забрзан метаболизам, не му годи на забавениот Бик, кој сака да јаде полека и со уживање. Близнаците и Водолиите често ги прескокнуваат оброците, за разлика од хороскопските хедонисти: Риби, Рак, Вага...

Полесно ќе се изборите со вишокот килограми доколку исхраната ја прилагодите на својот хороскопски знак, велат астролозите.

ОВЕН

Метаболизмот ви е забрзан, секогаш сте во движење и не сакате да губите време за подготовка на јадења. Ви одговараат диети коишто ќе ви покажат резултати што е можно поскоро. Јадете помалку, но почесто, особено супа/чорба од зеленчук, моркови, бадеми, ѓумбир.

БИК

Иако имате трпение за диети на долг рок, избегнувајте доцни оброци поради бавниот метаболизам. Треба да пиете што повеќе вода, а кога ќе огладнете, земајте овошје, свежо или сушено, диетални млечни напитоци или варена белка од јајце.

БЛИЗНАЦИ

Немате време, ниту трпение за готвење, динамични сте и брзи, така што место не ве држи. Тешко усвојувате здрави навики во исхраната, сакате да експериментирате со брзи диети, но брзо се откажувате, дури и да имате резултати. Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО