matte

Дамата во овој хороскопски знак не се плаши од авантури, како во животот така и во љубовта. Таа е бестрашна и љубопитна, уверена дека ништо не е невозможно за нив!

Најпозитивниот знак во зодијакот се одликува со незауздана страст за животот. Веројатно веќе погодивте дека зборуваме за Стрелецот.

Деветтиот знак ги штити оние кои се родени од 23 ноември до 21 декември. Неговиот елемент е огнот и со овој знак управува Јупитер. Окото на Стрелецот секогаш гледа атрактивна мета, без разлика дали станува збор за саканата личност или пак за интересна и добро платена работа, луксузен автомобил или убава куќа. Сето она што ќе го фати и задржи погледот на Стрелецот порано или подоцна ќе му припадне токму на него. Дамите во овој хороскопски знак се цврсто уверени дека ништо не е невозможно за нив. Токму таквата голема верба им помага да подигнат планини и да дојдат до саканата цел.

Таквата среќа во животот го прави Стрелецот многу великодушен и позитивен знак. Неговиот однос кон другите никогаш нема да биде исполнет со завист или злоба. Единствено нешто што може да ги иритира оние кои живеат во негова близина е чувството за авантури и неподготвеноста да седат мирно и спокојно. Тие сакаат да видат и да научат се. Стрелецот секогаш е опседнат со нови идеи, но ги споделува со другите дури кога ќе види во нив логичен заклучок. Успехот им го обезбедува добро развиената интуиција која ретко кога не им успева. Затоа важно е да се слуша мислењето кое го изразува Стрелецот.

Иако Стрелците се друштвени по природа, често знаат да се препуштат сами на себе. Тие се одликуваат со идеализам, па дури ни фрустрациите нема да ги натераат да го променат својот оптимистичен поглед на светот. Ова верување во доброто обично ги наградува бидејќи Стрелците се прави среќници во животот.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com