Нов месец е пред нас.

Нов месец е пред нас. Што велат ѕвездите – кои ’маченца’ ќе се активираат во февруари, а кому ниту Денот на вљубените нема да му помогне?

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

На деловен план сè се враќа во вообичаените текови. Следува период со помали тензии и активности. Сега оправдано може да го забавите темпото и да ги берете плодовите од претходно вложениот труд. Кога станува збор за парите, вие добро  расудувате и мали се шансите во февруари некој да ве измами или да платите нешто повеќе отколку што вреди. Период од 5 до 8 е идеален за отплата на долгови, како и за кредити.

Љубов

Февруари ви носи зголемување на сексуалната желба и активност. Партнерот ќе биде исклучително среќен поради оваа обновена страст и нова енергија. Ова ќе ја врати романтиката во врската. На Овните без партнери ќе им се отворат многу можности да запознаат потенцијални партнери. Не залетувајте се, бидејќи добро знаете колку либидото може да ви го замати умот. Од 17 февруари поголеми се шансите да запознаете некој онлајн.

Здравје

Целата здравствена состојба ви се подобрува и енергијата ви се враќа. Обрнете повеќе внимание на зглобовите и колената. Ова е добро време да започнете диета или Detox програма, бидејќи промената во начинот на исхраната ќе биде два пати поефикасна отколку инаку.

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Сè уште трае периодот на нижење деловни успеси и зголемена самодоверба. Имате чувство дека можете да направите сè што сте замислиле и ви се чини дека сте чекор понапред од другите. Омилени сте кај надредените. Ова е поволен период конечно нешто да заштедите или да инвестираат во работа. Ви се отвора можност за заработка на пари во далечни земји и странски компании. Вашите деловни можности овој месец се, главно, поврзани со странци и странство.

Љубов

Меѓу 5 и 8 февруари се појавува ненадејна можност за романса и пријателство. Ќе привлекувате духовни луѓе во вашиот живот. Духовната компатибилност ќе ви биде исто толку важна како и физичката. Ова е добар период за зајакнување на семејниот дух и зближување со семејството.

Здравје

Од 20 јануари па сè до 19 февруари ќе бидете почувствителни, па затоа припазете се малку. Ова е краткорочен проблем и во наредните месеци ќе ви се поправи здравствената состојба. Водете сметка да спиете и да се одмарате доволно. Може да се случи некои стари здравствени проблеми повторно да се појават поради вашата зголемена чувствителност, но не грижете се премногу.

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

Кариерата ви напредува, но од 19 февруари ве очекува навистина напорна работа. Внимавајте да не претерате над границите на вашите можности. Ве очекува период во кој вашиот деловен успех ќе достигне врв за 2017 година. Многу добра можност за бизнис се појавува на 27 и 28. Ќе ги воодушевите претпоставените со вашите дипломатски вештини, но и идеи. Сепак, избегнете влегување во ризик. Не искушувајте ја судбината. Можни се патувања во странство, најверојатно поврзани со образование и усовршување.

Љубов

Ова ќе биде поактивен период во однос на минатиот месец, кога станува збор за љубовта. Особено среќни денови ќе бидат 5, 7, 9 и 11. Осамените Близнаци ги очекува бројни романтични прилики во кои пријателите и семејството ќе имаат извесна улога. Сепак, не постои потреба да брзате, бидејќи вистинското време допрва е пред вас.

Здравје

Здравствена состојба значително ви се подобрува. Ви се враќа силата и енергијата. Ова е добар период за Близнаците кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, особено до 14 февруари. По 19-ти повторно ќе треба да обрнете внимание на здравјето и повеќе да со одмарате.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?