Што ви носи Новата 2017 на полето на љубовта?

godisen2016kocka

На кои хороскопски знаци токму оваа година им носи среќа во љубовта, што порачув годишниот љубовен хороскоп?

ОВЕН (21 МАРТ – 20 АПРИЛ)

Ова е година за вас! Ако сте задоволни од врската во која сте, тогаш вашата врска ќе стане посилна и повозбудлива. Ќе бидете почувствителни отколку што сте и полесно ќе ги изразувате чувствата кон партнерот. Комуникацијата ќе биде пријатна, но нема само да разговарате! Ова е многу страствена година. На овој или оној начин, вашиот љубовен живот ќе биде прилично зачинет. Ако сте сами, ќе запознаете нова личност. Ќе излегувате на нови места и ќе уживате во дружењето и новите познанства. Доколку сакате принова во семејството, оваа година вашата желба може да се оствари. Ако, сепак, тоа не го сакате сега-засега, превземете ги потребните мерки. Повеќе ќе се движите и ќе имате повеќе прилики да “кликнете” со некого. Ако го имате тоа добро претчувство, не двоумете се и тргнете во акција. Накратко, оваа година ќе запознаете многу нови луѓе и ќе склопите многу пријателства, а можеби ќе бидете и подготвени за стапување во брачните води. Овенот ќе биде подготвен за брак или за силна љубовна врска во јули и август.

БИК (21 АПРИЛ - 20 МАЈ)

Ако барате љубов, тогаш ова е вашата среќна година! Љубовта ќе биде главна тема во поголемиот период од 2017. Ако сте во врска, ситуацијата ќе стане сериозна. Поврзаноста со партнерот ќе биде посилна или ќе пробате нови работи. Година одлична за бременост. Ако сакате успешна врска, тогаш ќе морате повеќе да ги изразувате чувствата. Единствено на тој начин ќе се поврзете со партнерот. Ако не сте во врска, тогаш ова е вистинска година да започнете нова. Ви се советува да ги посетите местата кои ве привлекуваат и интересираат, затоа што на тој начин ќе ја запознаете личноста со слични интересирања. Можеби ќе најдете и ново хоби. Вашата привлечност и љубовна енергија ќе бидат најмоќни во текот на јули.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ - 20 ЈУНИ)

Во текот на 2017 година може да очекувате подобрување на односите со другите. Ова е поволен период за љубов, особено ако не сте во врска. Не ја барајте новата љубов меѓу пријателите. Попрво би се родила љубов со некој кој моментално не го познавате. Не се плашете да излезете од вашата комфорна зона. Излегувајте на што повеќе нови места. Љубов на прв поглед е она што може да се случи. Тоа ќе биде страствена врска. Време е за нови и возбудливи нешта. Збогувајте се со рутината. Ако сте во врска, очекувајте го неочекуваното! Можеби ќе добиете принова. Можеби ќе бидете нервозни поради сите промени во врската, но сето тоа води кон подобро. Исто така, во новата 2017 ќе остварите нови пријателства.
Ќе бидете подготвени на посериозни љубовни одлуки веќе на почетокот на март.

Премини  на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?