matte

Јануари 2017 година носи многу повеќе на деловен план за повеќето хороскопски знаци.

Напредок им претстои на родените во знаците на Овен, Близнаци, Лав, Стрелец, Шкорпија. На љубовен план можни се поголеми осцилации, па возбудата нема да изостане. Прочитајте што ви велат ѕвездите за јануари 2017 година.

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

Јануари ќе биде месец на напредок и успех за Овните. Ве очекува поволен период за остварување на деловните цели и за напредување во кариерата. Очекувајте зголемување на платата, унапредување, но и зголемување на бројот на работни часови. Ви претстои подем во кариерата, но не без вложување – за целосно реализирање на вашиот потенцијал, ќе треба да работите со полна пареа, а напорите и тоа како ќе се исплатат. Накратко - успехот нема да дојде преку ноќ, туку ќе се реализира постепено, но токму затоа целиот јануари ќе биде обележен со добра деловна енергија.

 

Љубов

Јануари ви отвора можности и на љубовен план. Бидејќи поголемиот дел од времето ќе го минувате на работното место, или опкружени со деловни партнери, токму таму ве очекуваат љубовни предизвици. Овните, кои моментално не се во врска, ќе ги привлекуваат моќни и влијателни личности на позиции за кои ги врзуваат заеднички бизнис интереси. Сепак, врските што ќе ги остварите во овој период повеќе ќе ви помогнат да напредувате во кариерата, отколку што ќе бидат значајни за вашиот личен живот.

Здравје

Ова ќе биде исклучително напнат и стресен период (иако не мора на непријатен начин). Затоа ќе биде неопходно секоја секунда од слободното време да ја користите за одмор и релаксација. Не трошете ја енергијата и фокусирајте се на најважните работи. Избегнувајте конфликти и зуздете го бесот. Доколку овој месец играте "одбранбено", наместо "офанзивно", среќата ќе биде на ваша страна...

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Јануари на Биковите им носи големи амбиции и зголемена желба за успех. Кариерата ќе ви биде поважна од семејниот мир и емотивната стабилност. Ова ќе резултира со успех во бизнисот. Она што ќе го работите, нема да го правите само само за себе, туку и за нив. Тоа ќе придонесе рамнотежата помеѓу личниот и бизнис планот да не се наруши. Свртете се повеќе кон тимската работа отколку кон независно дејствување и научете да ги прифаќате околностите и да ги претворите во ваша корист, наместо да се обидувате да ги промените. Очекувајте пари од странство.

Љубов

Пријателите, семејството и партнерот ќе ви дадат поддрушка, но и енергија потребни за успех. Ако немате партнер, во првата половина на јануари е можна романтична средба. Сепак, чувствата ќе ви бидат ставени на тест во втората половина на јануари. Ова е период на голема страст, но најголем дел од таа енергија повеќе ќе отиде на деловни потфати, отколку на личен план.

Здравје

Во текот на целиот јануари ќе ве следи добро здравје, но ќе мора повеќе да се одморате. Кариерата ќе ви ја црпе речиси целата енергија, оставајќи мал или никаков простор за други работи. Хранете се поздраво и штедете го организмот...

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

На Близнаците кариерата ќе им биде пред семејството во јануари. Амбициите ќе се зголемуваат како месецот напредува. Сепак, не плашете се повремено да го запоставите семејство - тоа нема да влијае многу на вашиот однос, бидејќи тие ќе имаат разбирање за вашите настојувања. Конечно, дојдено е време нешто што веќе долго време сонувате конечно и да го спроведете во дело. И покрај тоа што сте навикнати да се потпирате единствено на себе, во овој период тоа нема да биде најдобриот пат. Успехот ќе дојде само со вклучување на други во процесот на донесување одлуки. Не плашете се да прашате други за нивното мислење, помош или совет. Ова е добро време да ги вратите долговите.

Љубов

Што се однесува до љубовта, ова ќе биде горчливо-сладок период. Иако ќе уживате популарност меѓу колегите и познаниците, со сегашниот партнер работите не ќе течат така глатко. Ситуацијата ќе ескалира на крајот на месецот - можни се конфликти со партнерот, но веднаш после тоа ве очекува решавање на ситуацијата. Осамените Близнаци треба да ја побараат љубовта на стандардните места: забави, клубови, галерии..., места кои вклучуваат забавни активности.

Здрајве

Турбуленциите на лично ниво ќе остават последици по вашето здравје, но нема да се наруши ако бидете повнимателни. Поради зголемениот стрес, обрнете внимание на телото и слушнете ги неговите потреби. Една добра детоксикација може да ви ја врати силата и да спречи да имате потреба од лекар.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com