Овенот обично прв превзема иницијатива како би ù пристапил на личноста која му се допаѓа...

ОВЕН

Овенот обично прв превзема иницијатива како би ù пристапил на личноста која му се допаѓа. Тој е голем романтичар, но најпрво мора да биде сериозно заинтересиран за вас за да има било каква желба да ве импресионира. Исто така, тој е авантурист, патувањата се негова страст. Доколку имате иста желба да разгледувате нови места и нови луѓе, Овенот во целост ќе се вљуби во вас. А додека сте во врската со него, секогаш можете да очекувате изненадувања – во смисла на нови активности, патувања и слично.

БИК

Кога сте бо врска со Бик, тоа е како да имате личен емотивен и физички телохранител. Ќе направи сè што е во негова моќ да ви обезбеди сè што ви е потребно за да бидете среќни. Меѓутоа, Бикот понекогаш може да се покаже како тврдоглав и тежок, така што важно е да бидете прилично трпеливи со него кога се обидува да се спротистави на нештата што го вознемириле или разочарале. Лесно може да го повредат критиките од најблиските, затоа во почетокот бидете јасни во својата комуникација со него, за да избегнете Бикот да се чувствува како сè што прави – да прави погрешно.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците тешко ќе се скрасат и смират, но ако ве избрале вас, тогаш постои многу добра причина поради која ве избрале токму вас меѓу сите останати. Исклучително се духовити, ќе ве засмејуваат и забавуваат во текот на вашиот однос со нив. За да го задржите и одржите вашиот однос со нив, најдобро е да пробате да размислувате за нештата кои на Близнаците ќе им дадат стимулација и возбудување. На Близнаците не им пречат промени, но ако ги доживуваат во преголеми количини, може да им станат преоптоварување.

РАК

На Ракот е прилично лесно да му угодите, затоа што е многу осетлив на она што ќе го кажете и ќе го правите за него. Ако се најдете во врска со Рак, тогаш веројатно веќе знете колку љубов треба да му дадете уште во првите неколку недели од врската со него. Меѓутоа, важно е да не се обидете на ниту еден начин да ја искористите неговата љубов, бидејќи тој ќе ве остави истата секунда штом сфати дека сте со него поради нешто друго, а не поради него самиот. Очекувајте прилично емотивен однос со Ракот, затоа што тој е и повеќе од спремен да се посвети на вас и на вашата заедничка врска.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?