Секој знак има посебен ’љубовен потпис’ кој зборува на кој начин сакате и како сакате да ја осетите возвратената љубов.

Вашата елементарна љубовна природа ќе ви даде предзнаци за тоа дали сте срамежливи, заиграни или пасивни кога е во прашање срцето. Прочитајте подолу да го определите вашиот љубовен стил и вашата романтична перспектива.

ОВЕН

Страста и огнената топлина е вашиот љубовен оперативен стил. Ако некој ви се допаѓа, нема да седите мирни, ќе превземете сè што можете за да ја освоите таа личност. Храбри сте во односите и на другите им давате до знаење како стојат работите.

БИК

Сензуални сте, дејствувате полека и секогаш знаете точно кого и што сакате. Вашата љубов на “дете на Земјата’ е утешителна и заземјувачка за сите оние кои ќе се сретнат со нејзиниот смирувачки допир. Вие сте верни и трпеливи во љубовта и сакате партнер кој тоа го почитува.

БЛИЗНАЦИ

Вие во љубовта најмногу ја цените менталната поврзаност. За вас стимулативната и интересна дебата е најдобар афродизијак, затоа што ја цените интелигенцијата и знаењето повеќе од било што друго.

РАК

Сонувачи сте и интуитивни, а најмногу од сè сакате да бидете во можност да ги споделите своите емоции со партнерот и да имате чувство на поврзаност и разбирање. Во љубовниот живот сакате да се грижите за личноста која ја сакате. Грижливи сте и давате голема поддршка на својот партнер.

ЛАВ

Вие сте креативни и разиграни и многу ви е потребна страст во љубовта. Сакате да се забавувате во врската, досадата ви е исто што и бакнеж на смртта. Вашата природа бара да бидете во центарот на вниманието на вашиот партнер или набрзо ќе го изгубите интересирањето.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?