matte

Еве сме во Новата 2017 година.

Честитки, желби, надежи... веќе ги разменивме меѓусебно и ова е можност сега и сами да се увериме во нивниот ефект. Па, со нашата желба оваа Нова година навистина да ви биде успешна и среќна, дознајте што велат астро прогнозите за нејзиниот почеток.

ОВЕН (21 март – 20 април)

Работа

Обрнете внимание на новите информации и не прифаќајте ги идеите кои укажуваат на лесна добивка, бидејќи во текот на ретроградниот Меркур, кој е во вашето поле на кариера, сè ќе биде спротивно. Не влезгувајте во расправија со претпоставените, дури и ако сте во право. Ако не сте сигурни во вашите идеали, побарајте нови модели. Поработете на вашите цели.

Љубов

Ви претстојат низа нови настани, ама со старите актери. Блиска средба со една личност ќе биде неизбежна, но малку е веројатно дека ќе потрае. Претставниците на овој знак кои се во брак или во врска ги очекува напнатост во комуникацијата со партнерот. Многумина ќе внесат свежина преку одење на некое интересно место. Оние кои сè уште се сами, треба повеќе да излегуваат, бидејќи ќе се чувствуваат подобро меѓу луѓе.

Здравје

Стомачни тегови придружени со слаб имунолошки систем. Полнете ги батериите со релаксирање.

БИК (21 април - 20 мај)

Работа

Планетите ви велат дека сите шанси се пред вас. Имате добри бизнис идеи и нудите корисни решенија, но некој не сака целосно да се усогласи со вашите барања. Бидете повнимателни во вашата комуникација со соработниците кои го поткопуваат вашиот бизнис статус. Веројатно ќе ги развеселувате другите кога ќе наидат потешки моменти. Некои можеби ќе се жалат што има многу работа, но вие сè ќе свртите на шега. Така ќе ги охрабрите колегите, ем себе си.

Љубов

Оваа недела, Венера, вашата владетелка, го подобрува доживувањето на околината во смисла на емоционални настани и контакти. Бидете максимално отворени и опуштени во друштво на пријателите. Семејните предизвици во голема мера ќе го окупираат вашето внимание во приватниот живот. Оние во врска ќе балансираат помеѓу партнерот и семејството, со тоа што односите со саканата личност ќе ’чкрипат’ по малку.

Здравје

Последиците од претерувањето во прославата и работата дури сега ќе ги почувствувате. Недостатокот на енергија надоместете го со добар план.

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Работа

Откако Меркур е ретрограден, вашата ситуацијата на работа не е сјајна. Стравувате дека нешто лошо може да тргне наопаку во однос на парите и вашиот бизнис статус. Не инсистирајте на соработка со луѓе кои не се искрени со вас, или за кои не сте сигурни дека се добронамерни. Како што ќе напредува седмицата, така ќе станувате сè покреативни. Затоа, ќе почнете да работите со поголемо задоволство.

Љубов

Венера влегува во соѕвездието на Риби и создава аспекти кои укажуваат на премногу патетика. Секогаш постои некој кој има добра идеја и искрено се грижи за вашето расположение. Оние кои имаат семејство, деновите ќе сакаат да ги поминат со него. Оние во двојка ќе минуваат низ турбулентно време, кога ќе треба да покажат многу толеранција и самоконтрола. Не влегувајте во јалови дискусии. Подобро е малку да се стрпите.

Здравје

Нема потреба драматично да ги доживувате новите настани. Опуштете се и поголемиот дел од проблемите ќе бидат санирани.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО