matte

Сега конечно можете да се опуштите.

Сатурн го напушта вашиот знак па вие ќе добиете чувство на слобода, духовен напредок, додека вашата физичка енергија ќе биде во значителен пораст. Животот ќе ви делува поубав, а вие ќе имате впечаток дека вашите намери полесно се остваруваат.

СТАНУВА ЗБОР ЗА ШКОРПИЈАТА

2017 година ќе биде одлична година за вашата кариера. Јупитер ќе се задржи во знакот на Шкорпија се до август, а со тоа добивате на престиж и значително влијание врз успехот. Неговата позиција ќе ви даде вистинска можност и шанси за напредок и прогрес.Во август Сатурн ќе влезе во куќата на парите и ќе се задржи до декември 2018, а тоа е година во која ќе ви се отворат можности за профитабилна, финансиска заработка. Добри сте во организирање и планирање и генерално управување со финансиите што ќе ви донесе и подобар буџет. Постои можност, одненадеж да пронајдете решение за здравствен проблем кој веќе подолго време ве измачува, што ќе доведе до клучна промена на подобро во вашиот животен стил. Во текот на 2017 ќе се опуштите повеќе, па ќе го подобрите и сопственото мислење за себеси.

Кога станува збор за вашето здравје, во 2017 ќе имате многу енергија; придвижете се и почнете да вежбате, ако досега не сте. Општо земено, ќе се чувствувате подобро отколку претходните години. Физичката енергија мора да ја искористите со цел да се чувствувате подобро и да бидете во добра форма, но, исто така, ќе треба да ја искористите и силата на умот за да бидете во предност. Тоа ќе ви користи и на работа и во учењето.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com