matte

Иако не е правило, големи се шансите припадниците на овие три знака да ја усреќат својата сопруга. Ако застанете пред олтарот со еден од нив, тогаш сте вистинска среќничка

dzekpot prva

Актерката Мелани Грифит (хороскопски знак – Лав) живеела со милениче-лав во раните ‘70-ти, кога била тинејџер.

Лав

Припадникот на овој знак е сопруг кој бара многу внимание, а доколку сака, тој може да биде најдобар маж на светот. Мора да знае дека е приоритет за жената, така што таа ќе му докажува колку го сака и посакува. Како партнер не е ригорозен и доста е емпатичен и, обично, кај него работите остануваат такви цел живот како што на самиот почеток ќе ги поставите. Всушност, тој е вистинско дете кое сака да се забавува, па сака жена која во себе има доза на спонтаност и разиграност.

Риба

Припадникот на овој знак е како создаден за сопруг - во состојба е да се посвети на жената што ја сака и да ù ја даде сета љубов на светот без страв дека со тоа се загрозува неговата машкост и дека тоа го прави послаб. Со задоволство го минува времето со семејството, а еден е од оние знаци кои најмалку е веројатно дека ќе бидат неверни. Меѓутоа, ист ангажман бара и од другата страна - сака жена која ќе му покажува колку се грижи за него во секојдневниот живот. Караници не трпи и многу е мирољубиво настроен. Доколку нешто го мачи, најчесто ја собира фрустрацијата додека „не пукне“.


dzekpot 2

 

Бик
Припадникот на овој знак обично се жени само откако ќе ги има сите предуслови - работа, одредени години, решено станбено прашање, а основање семејство може поскоро да го натера на брак. Тој е верен сопруг, посветен на семејството и обично е нежен и има добродушна природа. Не е баш ангажиран во домашните обврски, но тоа го надоместува со напорен труд на работа. Бара жена со високо либидо, бидејќи тој е многу страстен. Во бракот често се здебелува, па затоа треба да се охрабрува да се движи и да држи диета.

 

© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com