Тој секогаш ќе се труди да биде најдобар, што можеби и не е толку лошо, бидејќи ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник...

Станува збор за доминантниот Лав.

Адреналинот и забавата се составен дел на кралскиот живот на еден Лав. Нема да дозволи да паднете во рутинате на здодевниот живот. Го сака животот и луѓето, ама најмногу се сака самиот себе. Ќе гледа да си угоди себе си со цел да биде среќен, а потоа ќе биде подготвен да усреќува други. Неговиот ентузијазам е заразен. Доколку сте го сфатиле неговиот егоцентризам на прав начин, тогаш неговите шеги и постапки ќе ви делуваат симпатично. Овој знак е романтичен и сака мали знаци на внимание. Ги шармира и заведува сите околу себе. Тој е одговорен и, доколку му значите, ќе се грижи за вас. Секогаш ќе се труди да биде најдобар, што можеби и не е толку лошо, бидејќи ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник. Нема да ве изневерува, бидејќи нема да има сила да се труди околу секоја личност, туку само околу една посебна за која ќе направи сè. Ако имате среќа Лавот да се вљуби токму во вас, ќе чувствувате дека сте посебни, бидејќи тој ќе ви го овозможи тоа чувство.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?