matte

Прашање: Кое милениче најмногу одговара на хороскопскиот знак Девица?

ДЕВИЦА (секогаш аналитична): Да размислам. Ако е кутре, ќе треба да станувам во 7:30 да го хранам, да го шетам надвор во 07:45, а во 10:00 часот ќе треба да одам до продавница да му купам три лименки храна, коишто ќе чинат околу 200 денари, вклучувајќи и данок...

ОВЕН (21 март – 20 април)

Оваа недела ќе имате обврски во врска со документи поврзани на некој начин со дете. Евентуалната покана за собирање, кое вклучува дете или млад човек. Вести во врска со породување и слично. Повеќе обврски за родителите во знакот на Овен кои имаат малолетни деца. На успех поврзан со семејството може да се надеваат мажите-Овен постари од 35 години. Вести или настан поврзан со веридба или свадба. Неповолна недела за патување; или проблеми, вести поврзани со болест на лице кое живее во друга заедница. Претстоји важен семеен собир за радосен настан поврзан со татко, дедо, чичко и слично.

БИК (21 април - 20 мај)

Оваа недела ќе бидете дел од важен настан во животот на пријател. За добро или лошо некому ќе му треба вашата морална поддршка, совет или друга помош. Нов љубовен состанок за мажи до 35 години, што ќе биде повод за размислување, проценување. Ќе имате среќа во стресна ситуација, паника или стрес во вашите лични односи. Ќе се реши еден стар проблем, потешкотија. Состанок или разговор со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија ќе ве воодушеви. Ќе добиете надеж или ветување многу важни за иден развој на некој ваш план.

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Неделава може да направите грешка, да дејствувате избрзано со купување, поправка на опрема или автомобил, и слично. Најверојатно ќе потрошите пари залудно за нешто за што има друго решение, опција. Поволна недела за вашата кариера и бизнис. Повеќе работа, прашања, сугестии и обврски. Според тоа, таа ќе донесе и повисоки приходи, профит. Порамнување на финансиски односи со банка или друга финансиска институција. Избегнувајте конфликти. Можно е некој намерно да ве манипулира или да предизвика такво нешто на ваша штета. Не дозволувајте влијание и мешање во вашиот личен и професионален живот.

РАК (21 јуни - 20 јули) 

Очекувајте состанок или настан поврзан со девојка или млада жена. Веројатно тоа е нешто планирано однапред, без разлика колку важно или неважно ќе биде. Недела, во која младите жени ќе мора да донесат важна одлука. Неочекувана љубовна врска или флерт со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може да ве изненади што ве привлекува личност којашто не сте ја забележале порано или кон која сте имале негативен став. На љубовен план ќе има нешто што ќе ги изненади Раковите. За жените-Рак можно е да заминат од домот, да продадат или да им дадат на користење на имот/предмети на други лица ои некоја причина.

ЛАВ (21 јули - 21 август)

Оваа недела може да бидете разочарани, оштетени или повредени на некој начин од страна на млад човек. Емотивно, може да бидете искористени или ставени во деликатна ситуација од страна на син, внук и друг млад човек од вашата непосредна околина. Далечните патувања ќе бидат под присила или ќе создадат тензии и проблеми. Може да добиете непријатни или несакани вести од далеку. Финансиски, неделава ви нуди некои добри моменти или можности за поголем или дополнителен приход, поврзани со вашите пријатели или познати.

ДЕВИЦА (22 август - 22 септември) 

Оваа недела ќе се бара поголема посветеност во дејстување, планови и настани поврзани со семејство или со важна машка роднина. Можен е посебен празник или собир поврзан со машко лице од семејството. Сите ваши контакти се важни. Ништо не е незначително, ништо не е случајно. Пристапете со одговорност и чувство за хумор на секоја средба, разговор или сугестија. Во блиска иднина ќе ја разберете важноста на сето ова низ кое поминувате сега. Ќе треба да купите подарок за жена, а можно е да одите на шопинг за овој подарок токму со таа жена.

ВАГА (23 септември - 22 октомври)

Оваа недела може да ве изненади со непријатни вести, кои ќе ве обременат со дополнителни проблеми за решавање. Може да има потреба од правење документи, кои ќе ги одложат вашите планови и очекувања за оваа недела. Можно е некој да ви одземе време со негови/нејзини лични маки и проблеми. Ќе разгледате активностите или одлуки во врска со жена од домот или поширокото семејство. Важен разговор со жена. Изненадување може да се случи на некој настан, состанокот или вести поврзани со стара љубов или личност од минатото кое ималло романтичен интерес за вас.

ШКОРПИЈА (23 октомври - 22 ноември)

Премногу тензична недела за Шкорпите, која немало да се случи ако спречеле конфликти и личен став во минатото кон одредени луѓе кои сакаат да управуваат со вашите постапки и одлуки. Оваа недела може да биде целосно под ваша контрола, доколку, пред си, ја преземе контролата врз вашите емоции. На работа може да се јави потреба за промена или важни одлуки. Некој може да води важен разговор со вас. Проверете ги сите информации и секој документ. Не брзајте со коментари или одлуки. Пазете се од неискреност или лажна, неправилна насока. Поволна седмица за решавање здравствен проблем. Успех, за што сте направиле големи напори во текот на изминатите неколку недели.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември - 21 декември)

Ова е недела кога ќе може да се постигнете љубов, хармонија и разбирање во домот и во важните роднински/семејни односи. Ќе доживеете силен емотивен настан. Успех во работата на некој од семејството ќе создаде дополнителни позитивни емоции и расположение. Можност да добиете пари. Поволен развој на важни семејни финансиски прашања. Непријатен момент, тага, вознемиреност или стрес може да се случи за или поради жена над 35 години.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ - 20 ЈАНУАРИ)

Оваа недела ќе ве изненади со непријатен развој на некој план, предвидување или идеја. Хаосот што не сте го предвиделе ќе биде тешко да се реши без компромис или посебен напор од ваша страна. Важна недела за развој на односи меѓу мажи и жени, главно љубовни. Ќе имате очекувања за посебен разговор, состанокот и слично. Ќе се надевате да добиете пари во врска со дете или од дете. Одредени активности или трошоци ќе бидат планирани и поврзани со дете/деца или друго младо лице/лица од вашата околина.

ВОДОЛИЈА (21 јануари - 19 февруари) 

Во текот на неделата, може да бидете задоволни од разговор, вести и настани поврзани со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец, која се наоѓа далеку од вас (во друг град или држава). Поволна седмица за патување. Наскоро може да доживеете многу поболна и драматична неискреност, хипокризија или откривање на ваша тајна од страна на лице кое сте го сметале за пријател/ка. Генерално, ова е поволна и успешна недела, но ќе има некои проблеми кои, најверојатно, ќе имаат врска со настаните кои започнале пред извесно време.

РИБИ (20 февруари - 20 март)

Оваа недела сериозно ќе влијае врз вашиот однос со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Вашите мисли ќе бидат насочени кон сегашна или претстојна разделба, од причини кои се посебни и различни за секој од вас. Дефинитивно ќе бидете многу порешителни и храбри во однос на постапките и одлуките. Посета или собир за важен повод ќе вклучи подарок или специјално организирана програма. Поволна седмица за развој на судски процеси кои вклучуваат материјални добра или имот. Вести или предлог од машко лице може да ве налутат или да предизвикаат конфликт со друго лице од кругот на вашите пријатели.

nedelen15 21prva

Ремек-дело на модниот дизајнер Џими Чо од Малезија, со седиште во Лондон. За слична тема читајте овде

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за февруари 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com