matte

Нејзината цел во животот беше да стане најдебелата жена на светот

Но од неодамна реши да ослаби бидејќи има нова, подобра цел!

Моника Рајли (28) од Тексас до скоро беше решена во намерата да се здебели колку може повеќе за кратко време. Таа во себе внесуваше по 10.000 калории дневно како би ја исполнила својата цел. Ја хранеше нејзиниот свршеник Рајли и достигна тежина од 320 килограми. Таа не планираше да застане тука, но истовремено сакаа и да имаат дете. Три пати го изгуби детето и конечно сфати дека мора да ослабне ако сака да стане мајка.

„Во една фаза од животот сакав да бидам најдебелата жена на светот, да бидам неподвижна и врзана за креветот, и животот да ми се состои од тоа мојот свршеник да ме храни. Но сега кога конечно забременив, правилно ги реорганизирав приоритетите“, вели Моника. Таа сега е во 15 недела од бременоста и за само 10 недели успеа да симне 91 килограми. „Сакам да бидам активна мајка да можам да му помагам на моето дете и тоа да расте со мене. Тоа не можам да го правам ако сум неподвижна“ вели оваа девојка.

„На почетокот диетата ми падна многу тешко. Многу плачев и морав да се победам самата себеси на многу полиња. За мене храната беше дрога. Сега наместо десет внесувам само по две илјади калории дневно. Има здрави работи кои ги сакам, како на пример авокадото, или пилешките гради, но многу ми недостига сирењето и тестото“, вели таа.

„Давам се од себе и знам дека ќе успеам да се доведам во ред. Сето тоа го правам за доброто на своето дете“, заклучи на крајот Моника.

Извор: dailymail.co.uk

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com