matte

Минијатурните тетоважи се мошне популарни во последно време

Тие се одлично решение за оние кои се плашат од игли - тетоважите се толку мали што навистина нема потреба да се плашите од болка, а на крајот на краиштата овие мали шари на вашето тело ќе ви бидат значајни и битни само на вас.

Секој има своја естетика која што ја негува кога се во прашање тетоважите. На секоја од нас ни се допаѓаат различни мотиви и стилови, а минијатурните тетоважи дефинтивно се нешто што им се допаѓа на сите. Тие не се толку впечатливи и идеални за оние девојки кои не сакаат тетоважите да им ги забележат сите, а во себе ја носат и магијата на која тешко може да и одолеете. Единствениот проблем (ако воопшто може така да се каже) е тоа што откако е одлучите да направите една, многу брзо ќе посакате уште (тоа е сосем обично кога станува збор за тетовирање). Токму затоа минијатурните тетоважи се совршено решение бидејќи многу лесно можете да ги сокриете кога сте на работното место, но можеби можат да ви бидат и добра увертира и проба за нешто поголемо што го планирате.

Доколку сте решени да направите ваква тетоважа размислете добро за позицијата и поразговарајте со вашиот тату мајстор за големината. Ваквите мали тетоважи имаат тенденција да се „разлијат“ особено ако се на многу изложено место каде што постојано се „трошат“.

Малите тетоважи лесно се чуваат, но и тие треба да се негуваат.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com