Уредникот на Слободен печат Бранко Героски се пофали на социјалните мрежи дека ја добил кладбата од Миленко Неделковски.

Героски на Фејсбук го напиша следново: „Еве, ми стаса пратката од Миленко, за кладбата за тоа кој ќе вечера со Могерини - Димитриев или Заев. Уште не сум ја отворил, но ветувам дека ќе го дегустираме неговото козјо сирење додека го славиме изборот на новата македонска влада. После малку цимолење, Миленко сепак си отстоја на зборот.“

 


Booking.com