И оваа девојка можете да ја сретнете во светот на блогерките

Нејзиното име е Јасмин Грајмс. Таа е плус-сајз блогерка која е горда на своите килограми, но и која сака да им покаже на сите дека самодовербата е важна колку и моќта на фотографијата. Таа преку своите фотографии што ги објавува на Инстаграм сака да ја испрати пораката колку разноликоста на полето на изгледот е многу значајна.

Јас сум плус-сајз девојка и ќе ви објаснам како точно изгледа сексот со нас >>

„Во последните неколку недели видов колку им е важно на многу луѓе да изгледаат добро во долна облека, на нивните селфи фотографии, и сметам дека ова е грешка. На многу луѓе што ги познавам им е важно да се чувствуваат сигурно во својата кожа, и таквата самодоверба е најважна“ напиша Јасмин под една фотографија на Инстаграм.

Блогерката вели дека има нешто магично во тоа покрупните девојки да позираат во долна облека и да не се извинуваат на никој заради тоа. 

Таа верува дека со својот пример ги мотивира и другите!

Има 92 килограми и е плус – сајз манекенка за која сонуваат мажите од целиот свет >>

Верува во силата на фотографијата бидејќи мисли дека брзо ја менуваат перцепцијата кај луѓето. Таа и во иднина ќе продолжи со ваквата промоција како идните генерации не би требало на никој да се извинуваат поради својот изглед.

Во овие панталони вашиот задник ќе изгледа совршено >>

 


Booking.com