Таа е богата наследничка која некогаш беше разгалена клаберка и се дружеше со Ким Кардашијан, Никол Ричи, Линдси Лохан, а некое време и со Бритни Спирс.

Еве како изгледа кога имала 15 години

Станува збор за Парис Хилтон која денес има 36 години. Таа и денес ужива во луксузниот живот, но овој пат наместо лудите забави својот мир го пронајде во прегратките на американскиот актер и модел Крис Зилки од кого буквално не се одвојува во последно време.

Но пред да стане пејачка, диџејка и да добие сопствено риалити шоу, Парис беше обична девојка која како и сите останати носеше пуш-ап градници, т.е. кратки фустанчиња и многу шминка на лицето мислејќи дека тоа е кул.

Фотографијата на која што е во нејзините тинејџерски денови таа ја објави на Инстаграм, шегувајќи се на своја сметка: „Кога имав 15 и кога ги открив пуш-ап градниците.“ напиша таа во коментарите на социјалните мрежи.

Па дали ја препознавте?


Booking.com