Можеби мислевте дека совршен маж не постои, но ќе го промените мислењето кога ќе го запознаете Боби Херукс.

Овој мускулест фраер е инструктор по јога во Колорадо, а има и невладина организација која се занимава со спасување кучиња скитници. И ако треба ги вади и од вода кога се дават. Токму на 11 мај несреќното кученце на Сара Мелникоф имаше незгода и падна во една река, а господинот Херкус кој случајно се најде тука, моментално се соблече во боксерки (блазе нам) и скокна во реката за да го спаси кученцето.

Сара по ова драматично случување на Фејсбук го опиша овој херојски подвиг, а нејзиниот статус е поделен скоро десет илјада пати.

„Тој навистина е херој! Во истиот момент откако го виде Карли во водата, се соблече и влезе без да размислува во студената река и отплива до неа. Успеа да ја спаси и поради тоа вечно ќе му бидам благодарна. Карли се тресеше како лист на ветер и долго време и требаше да се смири. Има артритис на двете задните нозе, стара е и сенилна. Не би се извлекла да не беше Боби Херукс. Браво“, напиша Сара под неговата фотографија.

Скромниот мускулест фраер не сакаше да се експонира во јавноста, но сигурни сме дека сега има обожаватели од целиот свет.


Booking.com