Многу жени се пожалија дека овие хеланки се очајни ...

Компанијата LulaRoe за брзо време стана хит на социјалните мрежи поради приказната за меките хеланки кои ги рекламираа блогерките. Нивните муштерии сега се очајни бидејќи хеланките се кинат како од шега, а како доказ дека не лажат ги закачија своите фотографии на социјалните мрежи. Хеланките се продаваат по 25 долари и можат да се најдат во две големини OS (универзална големина) и TC (високи и жени со облини).

Жените кои ги купиле сега се жалат дека хеланките се поприлично очајни и дека пукаат на најлошите можни места. „Ја однесов ќерка ми на училиште и почувствував како ми пукаат на задникот, но не сфатив се додека не дојдов дома“ изјави Паупа Браун за BuzzFeed. Таа кога се вратила дупките ги нашла на колената, задникот и кај рабовите.

Две жени подигнаа и тужба против компанијата во Калифорнија токму поради нивниот квалитет. Тие во тужбата наведуваат дека свесно продаваат хеланки со лош квалитет, а тужбата е насочена кон брачниот пар Ди Ен Брејди и Марк Стидама кои ја основаа компанијата LulaRoe. Но во одговорот од LulaRoe за порталот „BuzzFeed“ велат дека категорички ги отфрлаат лажните обвинувања, дека стојат зад квалитетот на своите производи и дека нивните муштерии се задоволни, па затоа и се убедени дека тоа ќе го докажат и пред судските органи.

Но, за жал, фотографиите не одат во нивен прилог...

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?