matte

Младата мајка Церис Дејвс (25) ја освои титулата за британски бикини шампион само неколку месеци откако се породи.

Таа во исто време доеше, но и тренираше за своето големо враќање на сцената како бикини модел. Откако како тинејџерка докторите и кажале дека ќе има проблем да остане бремена, Церис се свртела кон вежбањето во теретана и потполно здрав начин на живеење и верува дека тоа најмногу и помогнало да остане бремена.

Оваа згодна мама по породувањето истовремено го доеше бебето и тренираше, а по само неколку месеци, ја освои титулата и стана бикини шампион во Велика Британија.

Бикини категоријата е многу слична на бодибилдингот и подразбира напорни вежби за постигнување на голема мускулна маса, облини и се што подразбира совршено женско тело. Но бидејќи имала потешкотии да забремени, многу брзо по породувањето се пријави за натпреварот како би ја вратила самодовербата и би ги воодушевила судиите.

Еве ја нејзината победничка рутина:

Наутро: Кардиотрениг во траење од 40 минути на собен велосипед додека бебето се игра покрај неа.

Попладне: Чување на бебето, нормални домашни обврски и шетање низ паркот

Навечер: Бебето оди кај баба, а Церис вежба во теретана 60 минути.

Исхрана шест оброци дневно – јаглехидрати (житарки, ориз, благ компир) и протеини (пилешко, јајца, лосос, зеленчук)

Извор: thesun.co.uk

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com