matte

Фотографија која го заобиколи светот

Лариса Вотерс која од 2011 година ја објавува функцијата сенаторка на Квинслед вчера се појави во австралискиот парламент со своето бебе во прегратките и за време на седницата, кога на бебето му беше потребно, таа го доеше. Мама Лариса го направи најнормалното нешто на светот, а пред неа и бројни други политичарки го искористиле истото право да за време на работата го дојат своето бебе. Но ова е прв пат тоа да се случи во австралискиот парламент една година откако беше донесен законот според кој мајките, кои се дел од законодавниот дом, да можат да дојдат со своите бебиња на работа и во текот на работното време да ги дојат.

Токму затоа Лариса и нејзиното бебе влегоа во историјата ...

Коментарите што ги предизвика оваа фотографија на социјалните мрежи се различни. Од оние кои ја поддржуваат „Браво мама! Ова е најприродната работа на светот“, „Напред, мајко!“ па се до ставот дејка бебето на работно место само може да и пречи на мајката да ја врши својата работа. Ние не гледаме ништо спорено на овие фотографии, а истото тоа го мислевме и кога во 2015 година пратеничката од Аргентина, Викторија Донда Перес, ја доеше осуммесечна ќеркичка за време на седница во собранието.

Што мислите вие?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО