Ники Вебстер поради зависност од храна се најде во крајно лоша ситуација.

Оваа 33-годишна жена има толку килограми пто веќе со години не видела некои делови од незиното тело, како што се прстите на нозете и сопствените колена. Во емисијата „мојот живот со триста килограми“ кој се емитува на каналот TLC таа пред светската јавност откри како изгледа животот на жена која има 272 килограми.

„Килограмите ме убиваат. Не можам сама ни да се истуширам. Имам само 33 години, а ме боли целото тело. Го мразам тоа. Знам дека јас сум виновна што си ги направив ова. Храната е зависност која ме убива“, вели Ники. И поради тоа мораше за започне борба за гол живот која како и кај повеќето морбидно дебели луѓе се состои од хируршко намалување на желудникот. Но пред тоа мораше да ослабне 22 килограми.

Некогаш, како што самата признава, денот го започнувала со јадење. Дел од вината за нејзината состојба носат и нејзините родители кои порано и ја подготвувале и носеле храната во нејзината соба за да не мора да се симнува низ скалите. Исто така и дозволиле да јаде што сака и колку сака, иако храната полека почнала да ја убива.

Но Ники еден ден замина на операција и ја започна својата лута борба. За една година ослабела преку 90 килограми, но не застана тука. По неколку месеци строг режим на исхрана вагата покажа дека сега има само 88 килограми. Тоа значи дека вкупно изгубила 206 килограми.

Таа се уште изгледа многу покрупно поради вишокот кожа со која исто така сега се бори. Но наскоро ќе оди на операција за затегнување на кожата и се надева дека тогаш нејзината борба конечно ќе биде готова, и дека на светот ќе му го покаже своето ново лице.


Booking.com