Нов тренд на социјалните мрежи ...

Во прашање е ефектот на виножито кој се почесто го гледаме на Инстаграм

Но ако мислевте дека овие фотографии се направени со едно кликнување на некој филтер тогаш се лажете. Корисниците на социјалните мрежи истите ги прават поигрувајќи се со боите, техниката и светлината, па доколку сакате и вие да направите фотографии со виножито, тогаш доближете се до вашиот прозор и поиграјте се со сонцето и мобилниот телефон.

Трендот го започнаа ИТ девојките како Кјара Ферагни и Кара Делевињ кои многу брзо ги натераа своите обожаватели да се вљубат во овие бои на невните лица. Но доколку не можете да го пронајдете вистинскиот агол, ќе ви откриеме како магијата на виножитото да ја направите и на еден поинаков начин. Имено, пробајте го новиот филтер Rainbow Dreams на апликацијата PicsArt. Пробајте и ќе се воодушевите од резултатот.

Погледнете како ќе изгледаат девојките на Инстаграм ова лето >>

Па, време е да направите и вие една ваква фотографија >>

 

 

Нов тренд кој се шири како епидемија на социјалните мрежи >>

 


Booking.com