matte

Неговото име е Ермин Јунузовиќ, има 26 години а по потекло е од Босна и Херцеговина од каде се иселил кога имал само две години и кога неговото семејство заминало да живее во Белгија, поточно во Антверпен.

Но ако сакате да го запознаете ќе морате да купите билет за Белгија!

Можеби веќе знаете за него, а можеби прв пат го гледате. Во секој случај ќе ви биде драго ако сте припадничка на понежниот пол.

Неговото име е Ермин Јунузовиќ, има 26 години а по потекло е од Босна и Херцеговина од каде се иселил на две годишна возраст кога неговото семејство се пресели во Белгија, поточно во Антверпен. Ермин кој на социјалните мрежи ќе го најдете под името Ерко Јун, на Фејсбук има преку 4 милиони следбеници, а на Инстаграм скоро еден милион.

Најверојатно се прашувате зошто? Па тој е личен тренер и фитнес модел, а сопственик е и на Erko Jun Shop продавница со фитнес опрема.

Досега има освоено бројни фитнес награди и се има појавено на разни насловни страни во познати и помалку познати магазини, а своето хоби го претвори во профитен бизнис. За тоа може да му биде благодарен на својот татко со кого тренираше како момче, а ако судиме според неговите фотографии, тој ги сака и тетоважите.

Поприлично е активен на социјалните мрежи, а веруваме дека по ова ќе добие и нови обожаватели од Македонија, па најверојатно и по некој следбеник кој со него ќе ја мери големината на .. бицепсите!

Па девојки што велите за овој фраер?

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com