Сите ги сакаме добрите свадбени фотографии.

Па дури и оние кои не сакаат свадби не можат да останат рамнодушни кога пред нив ќе се појави добра свадбена фотографија на која се гледа вистинската емоција. А тоа дека свадбените фотографии го доживуваат својата кулминација можете да заклучите и по се поголемиот број на специјализирани фотографи кои ги има и кај нас, како и по квалитетот на нивните фотографии. Токму и затоа далеку зад нас ги оставивме оние „откачени“ фотографии на кои паровите најчесто се гушкаат околу некое дрво во паркот или на некое карактеристично место во градот, а на нивното место почнавме да гледаме многу поинтересни и пошармантни слики кои го покажуваат карактерот на парот, но и естетиката на самиот фотограф. Оваа селекција со најубавите свадбени фотографии за 2016 година ја направи познатиот портал Junebug Weddings. На нивна адреса пристигнаа повеќе од 9 илјади фотографии од целиот свет, а најдобрите од нив делумно можете да погледнете во продолжение. Останатите фотографии можете да ги ѕирнете на самата страна Junebug Weddings, а наскоро во нашиот градски водич WHERE (види тука) ќе можете да ги пронајдете и најдобрите свадбени фотографи од Македонија.


Booking.com