Брод кој се движи додека вие трошите калории

Нов неверојатен проект на познатата италијанска фирма за дизајн „Carlo Ratti Associati“ на кој овој пат најмногу ќе му се радуваат љубителите на фитнесот и здравиот живот. Станува збор за проектот „Paris Navigating Gym Project“ кој всушност претставува ексклузивен брод што ја користи човечката сила како би пловел низ реката Сена. Бродот се движи со помош на енергијата од оние кои вежбаат во тој момент така што корисниците покрај тоа што ќе можат да уживаат во најромантичниот град на светот додека вежбаат и трошат калории, ќе ги израдува и веста дека бродот не е никаков загадувач бидејќи користи човечка сила како погон.

Навигационата теретана ако можеме така да ја наречеме оствари соработка со компанијата „Technogym“, непрофитната организација ONE и институтот URBEM во однос на проектот кој тежи да докаже и демонстрира потенцијалот на човечката енергија за моторно напојување. Бродот е долг 20 метри и може да собере 45 луѓе како и современата фитнес опрема ARTIS на компанијата Technogym. Покрај тоа фитнес ентузијастите ќе можат да ги следат и податоците за внесувањето на енергијата како и податоците за надворешните услови благодарение на големиот екран кој целото време ќе ги емитува информациите.

Овој концепт ќе им помогне на оние кои за време на посетата на Париз не можат да се воздржат од вкусната француска кујна.

Што значи, ова е добитна комбинација.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?