Најпознатиот готвач нa светот по петти пат стана татко. Браво!

По трите девојчиња и едно момче во домот на Оливер стигна уште едно момче. Неговиот татко е и повеќе од воодушевен.

Џејми не ја криеше својата радост. Тој објави фотографија на Инстаграм и пред целиот свет го покажа преубавото бебенце, а во пораката напиша колку се среќни сите во семејството. Радоста дополнително му ја зголемија и неговите две ќерки кои пристигнаа во болницата, од кои најстарата Попи Хани (14) му ја пресече папочната врвца на малото братче.

И секако, во негов манир, тој објасни колку е тешко бебето - 3.62 килограми. „Тоа се 16 пакувања путер за вас, пекари!“ напиша Џејми.

Па нека е живо и здраво и нека расне како квасец.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?